Регион
Тужба за грчки свештеници што давале причест и покрај забраната
Грчката влада побара од Обвинителството да поведе обвинение против двајца свештеници што служеле за причестување и покрај забраната со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објавија грчките медиуми.
Станува збор за свештеници што вчера давале причест во присуство на верници во храмови во Атина и на Крф.
Синодот на Грчката православна црква пред неколку дена донесе одлука дека Велигден нема да се слави во недела, туку ноќта на 26-27 мај поради коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ: Милановиќ го поткопува кредибилитетот на Хрватска во ЕУ и во НАТО
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Собранието повторно го критикуваше претседателот на Републиката – Зоран Милановиќ, велејќи дека „го поткопува кредибилитетот на земјата во Европската унија и НАТО“ и уште еднаш ја повика опозицијата да го поддржи учеството на Хрватска во активностите на НАТО за поддршка на Украина.
Со обвинувања против Милановиќ, Пленковиќ се обиде да ги убеди пратениците од опозицијата да гласаат за владиниот предлог за поддршка на Украина. За да биде усвоен предлогот на Владата, на Пленковиќ му е потребно двотретинско мнозинство гласови во парламентот.
Пленковиќ рече дека поради Милановиќ во НАТО не знаат дали Хрватска ќе остане сигурен сојузник или ќе им го сврти грбот во време на неволја.
„Не знаат дали ние сме земја што ќе и помогне на жртвата“, рече премиерот при претставувањето на годишниот извештај за работата на Владата во хрватскиот парламент.
Регион
Земјотрес во Босна: Се тресеше во близина на границата со Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, информира Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот е регистриран во градот Нови Дулиќи, во близина на границата со Црна Гора, нешто пред 14.30 часот.
Во текот на ноќта околу 4 часот по полноќ биле почувствувани два помали земјотреси.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Регион
Во Јабланица се одржа заедничка молитва за настраданите во поплавите
Во харемот Јасен во Јабалница денеска се одржа заедничка погребна молитва за 19 жртви од неодамнешните катастрофални поплави и свлечишта во Јабланица и уште четири општини на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Молитвата ја предводеше реису-л-улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а погребот на жртвите се извршува на локалните гробишта Доња Јабланица, Ѓевора и Злата.
Вкупно 26 лица загинаа во разорните поплави и лизгање на земјиштето што погодија делови од Босна и Херцеговина. Покрај 19 лица од Јабланица, четири лица загинаа од Коњице, а тројца од месноста Фојница.
Откако вчера беше пронајдено телото на последната жртва во Доња Јабланица, спасувачите ја продолжија потрагата по уште едно исчезнато лице во Коњиќ.
„Почитувани браќа и сестри, почитувани семејства. Секој говор е излишен. Се собравме да ги испратиме нашите браќа и сестри во подобар свет, ахирет. Иако тагата е длабока и разбивачка. Исто така, свесни сме дека Бог одлучува за нашите животи. Ние сме смртни луѓе. Ние се разликуваме само по начинот на кој го напуштаме овој свет. Оној што се удави е маченик“, рече шефот на ИЗ во Босна и Херцеговина.
На семејствата на жртвите им посака Алах да им даде трпение, за да го издржат ова искушение на најдобар можен начин.
На погребот во харемот Јасен присуствуваа голем број граѓани и претставници на исламските заедници.