Регион
Туристите треба да имаат негативен тест на коронавирусoт за да ја посетат Грција
Грчкиот министер за туризам изјави дека сите туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето, по почетокот на сезоната, што почнува на 1 јули, ќе треба да имаат негативен тест за вирусот корона пред да се качат во авионот, пренесува Greekreporter.com.
„Идејата е да се изврши проверка во земјата пред туристите да заминат во Грција, така што луѓето кои веќе се во авионот ќе се чувствуваат безбедни затоа што другите патници се исто така негативни на коронавирусот “, рече Харис Теохарис за германскиот весник „Фаз“.
Иако потенцираше дека епидемиолозите сè уште не донеле конечна одлука, министерот кажа дека луѓето мора да имаат можност да се одморат и да не се прашуваат на плажа која е стапката на зараза во земјата од каде дошол туристот што седи до нив на плажа.
Според германскиот весник, моментално понудените тестови за коронавирус на аеродромот во Виена чинат 190 евра.
Така, семејство со четири деца, покрај трошоците за одмор, ќе треба да потроши и дополнителни 1.500 евра, доколку бидат принудени да прават уште еден тест при враќање од одмор за да избегнат 14-дневен карантин во нивната земја.
Теохарис призна дека овој дополнителен трошок може да биде пречка за патување за многумина, но изрази надеж дека до јули тестовите би можеле да чинат 10 евра за лице.
„Се прават огромни напори да се направат тестовите поевтини и поприфатливи“, рече тој.
Министерот рече дека тестовите не се неопходни за оние што се враќаат дома по одморот во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

