Регион
Турскиот амбасадор во Грција го демантира наводниот прекуграничен упад
Турскиот амбасадор во Грција, Бурак Озугергин, ги отфрли тврдењата за упад преку турската граница во областа Еврос минатата недела изјавувајќи дека проблемот, едноставно, е технички, пренесува „Катимерини“.
Изјавата доаѓа по обвиненијата дека 35 турски војници во петокот окупирале област на западниот брег на реката Еврос за која се вели дека ѝ припаѓа на Грција според Договорот од Лозана во 1923 година и формирале мал камп во кој го кренале турското знаме.
И додека весниците, како „Дејли мејл“, го карактеризираа упадот како инвазија, турскиот амбасадор во Грција рече дека малата област позната како Мелисокомео не е спор, туку техничка работа, која е сосема нормална меѓу соседите кај копнените граници“, пишува „Катимерини“.
„Ова не е проблем, па да не го претвораме во проблем“, додаде Озугергин и потврди дека Атина и Анкара разговараат за инцидентот.
И грчкиот министер за одбрана, Никос Панајотопулос, и министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, во вторникот ја информираа владата за ситуацијата во областа кога и двете министерства во петокот поднесоа жалби до Турција за присуството на трупите.
Жалбата се однесува на турските трупи, кои, наводно, ја отежнуваат работата на граничната ограда што Грција сака да ја прошири бидејќи се предвидува нов бран мигранти да се упати кон граничната област кога ќе се олеснат мерките за изолација поради пандемијата на корнавирусот.
Турските сили по должината на пограничниот регион се обвинети дека се обиделе да им помогнат на мигрантите да ја преминат границата пред појавата на пандемијата, а еден војник во март изјавил за шведските медиуми дека добил директни наредби да го стори тоа.
„Потврдивме дека сè поминало добро и дека шверцерите не наплатуваат премногу. Имаме и разузнавачки информации за тоа каде и кога е безбедно да се премине“, рекол војникот.
Грчката влада објави и видеоснимки на кои се гледа како турско оклопно возило, финансирано од Европската Унија, наводно урива дел од граничната ограда на почетокот на март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.