Регион
Уапсена жена во околината на Деспотовац: во замрзнувачот било пронајдено тело на бебе

Полицијата денеска уапсила жена во околината на Деспотовац во чиј стан пронашла тело на бебе во замрзнувач, соопштија за Танјуг во СВР Јагодина.
Телото на бебето е испратено на обдукција, по што ќе се знаат деталите за случајот, пишуваат српските медиуми.
Според достапните информации, А.Ѓ. била самохрана мајка на пет деца.
„Во селото почнаа да кружат приказни дека таа го убила бебето. Полицијата веднаш дошла во станот во кој живеела мајката и го пронашла телото на бебето во замрзнувач. Се сомнева дека телото било таму неколку дена“, изјавиле извори за српски медиуми.
Истрагата ќе утврди дали мајката го убила бебето или детето е мртво родено. Петте деца се сместени во згрижувачки семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Регион
Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.
Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.
„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.
Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.
„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.
За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.
Регион
Осомничена за убиство на мајка си била кандидат на последните избори во Хрватска

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка на Работничкиот фронт и поранешна членка на Социјалдемократската партија, за убиство на сопствената мајка во Загреб.
Лицето осомничено од полицијата дека во саботата ја задавила сопствената мајка во Врбани, е член на политичката партија Работнички фронт и кандидат на таа партија на последните парламентарни избори. Претходно, таа била долгогодишен член на СДП и член на претседателството на Месниот комитет во Чрномерец.
Крамер е наставничка во едно од загрепските основни училишта, а на последните избори за хрватскиот Сабор беше на 6. место на листата на Работнички фронт за избор на пратеници во 1. изборна единица, но како и целата партија не го помина изборниот праг.
„Јас сум во шок. Не ми се верува“ рече Катарина Пеовиќ, првиот човек на Работничкиот фронт.
Полицијата во саботата попладнето соопшти дека во Заагреб, 62 годишна жена ја усмртила 84 годишната мајка.