Регион
Уапсена криминална група во Грција: Продавале бебиња за 18 000 евра
Грчката полиција на Халкидики уапси девет лица, од кои осум се бугарски државјани, под сомнение дека се членови на криминална група што продава новороденчињата на грчки семејства без деца.
Грчката полиција уапси тројца мажи и пет жени од Бугарија, како и едно лице без податоци за националноста, објавија бугарските медиуми.
Во текот на акцијата двајца службеници на грчката полиција се претставиле како семејство што сака да купи бебе, а посредникот на групата им понудил бебе старо четири дена за 18 000 евра.
Полицајците побарале да ја видат мајката и биле однесени во стан во пошироката област на Атина, каде што ја затекнале мајката на бебето, која е еден од уапсените бугарски државјани.
Бугарските медиуми велат дека една од уапсените била бремена, додека другите жени неодамна се породиле, но децата не биле пронајдени кај мајките.
За време на полициската акција запленети се 9 025 евра и 10 мобилни телефони. Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.
Регион
(Фото) Трагедија: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила в река во Албанија
Полицијата во Албанија соопшти дека мајка со три деца се фрлила во реката Бојана и дека нејзиниот маж е уапсен. Полицијата го уапсила Ергис Арази (31) поради насилство врз сопругата Алма Арази (39), која наводно се самоубила со трите деца. Децата беа на возраст од девет, шест и четири години, пишува Блиц, кој пренесува на порталот Euronews.al.
View this post on Instagram
По трагичниот настан, рибар го пронашол телото на 9-годишната ќерка, а надлежните се уште трагаат по телата на мајката и уште двете деца кои исчезнаа пред три дена. Полицијата наведува дека постои сомневање дека мајката го напуштила станот со децата бидејќи сопругот ги малтретирал. Тој додава дека Арази (31) и претходно бил осуден за обвиненија поврзани со дрога.