Регион
Убиецот од Нови Сад пред да ја убие поранешната партнерка објавил морничава порака на својот „Инстаграм“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/t-1.jpg)
В. Р. (34) брутално ја ликвидирал својата поранешна партнерка И. Р. (26) пукајќи во неа додека била во козметички салон, а непосредно пред злосторството споделувал објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.
На една од неговите последни приказни на „Инстаграм“ тој објави фотографија, на која пишува: „Границите постојат за да се преминат“, пишуваат српските медиуми.
В. Р., по злосторството, си пукал во главата, а подоцна им подлегнал на раните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Курти не сака дијалог, сака де јуре признавање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/vucik.png)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека продолжувањето на дијалогот со Приштина во Брисел не се случило бидејќи косовскиот премиер Албин Курти „не сака дијалог“.
Вучиќ оцени дека вчерашното непродолжување на дијалогот во Брисел е последица на желбата на Приштина за „де јуре признавање“.
„Дијалог не се одржа бидејќи тие не сакаат дијалог. Сакаа де јуре, не де факто туку де јуре признавање. Ова е она што тие го бараа. Сакавме да разговараме за компромиси за решавање на проблемите, но знаев и претходно дека не се подготвени за тоа“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека не верува оти „сериозен дијалог“ може да продолжи „во блиска иднина“.
„Секогаш ќе треба да најдете начин да разговарате со некого. Подготвени сме да разговараме, но не гледам можност за сериозно продолжување на дијалогот во блиска иднина“, рече Вучиќ.
Регион
Невреме и обилни врнежи во Србија: пет воспитувачки евакуирани од градинка, во Суботица избувнал пожар по удар на гром
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-27-202530.jpg)
Припадници на Секторот за вонредни состојби при две интервенции евакуирале 10 лица поради невреме и обилни врнежи во Србија.
Како што е наведено во соопштението на српската полиција, пет воспитувачки биле евакуирани од градинка.
Во соопштението се наведува дека 57 пожарникари-спасувачи со 26 возила и 12 пумпи биле ангажирани во 11 операции за испумпување на вода во Врање, Лесковац и Мионица и во гаснење пожари по удар на гром во Суботица и Врање.
Пожарникарите-спасувачи им помагаат на граѓаните и во отстранувањето на паднатите дрвја во Заечар, Књажевац, Ужице, Чачак и Лесковац, како и отстранување на делови од лимени покривни конструкции пишуваат српските медиуми.
„Во моментов службените лица се ангажирани во Лесковац за отстранување на паднато дрво зад Центарот за култура, како и во Лазаревац за отстранување на паднатите дрвја и за испумпување на вода од домаќинствата во Лазаревац и Крушевац“, се наведува во соопштението.
Регион
Борисов: Во моментов никој не може да формира влада
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Borisov.jpg)
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер на таа земја, Бојко Борисов денеска изјави дека ниту една партија во моментов не може да формира стабилна влада.
Тој за новинарите изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија кон влезот во еврозоната, цел за која верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ, пишува порталот Новините.
Тој ја критикуваше предизборната кампања на одредени партии, велејќи дека политичките партии повеќе се фокусирани на добивање изборна предност отколку на ефективно владеење.