Регион
Уште еден земјотрес регистриран во Албанија, продолжува потрагата по преживеани

Попладнево, околу 14.05 часот, Албанија беше погодена од уште еден земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтеровата скала, со епицентар на ‘ртот Родон.
Како што пренесе албанскиот портал „Сот њуз“, ова е само уште еден во низата последователни земјотреси по најсилниот од 6,4 степени, кој беше регистриран во раните утриснки часови.
Овој земјотрес најмногу се почувствувал во Драч и Тирана.
Во меѓувреме, спасувачки тимови се обидуваат да пронајдат преживеани и заробени во урнати згради по првиот земјотрес, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се повеќе од 600 лица.
Повеќе држави од Европа и регионот се подготвени да ѝ помогнат на Албанија во санирањето на последиците од серијата земјотреси, а во земјата веќе пристигнаа 52 лица за вонредни ситуации од Романија и 40 припадници на косовските безбедносни сили.
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека помош за Албанија доаѓа од Италија, Грција, Франција, Турција, Србија, Црна Гора и од Косово.
Македонскиот премиер Заев соопшти дека и од земјава веќе се испратени тимови за спасување, а дадена е насока до најблиските региони, како Охридско-струшкиот и Кичевскиот, да испратат механизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.