Регион
ФБИ држи 10 Црногорци на брод со 16 тони кокаин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/kokain-gvatemala.png)
Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што, освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и другите морнари од Црна Гора.
Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамките на истрагата и од нив се земени ДНК-примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.
Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ, каде што се тврди дека од членовите на екипажот повеќето се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.
Според информациите на весникот, тие сè уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде што беа пронајдени десетици пакети со кокаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.
Регион
Маж во Босна и Херцеговина ги убил сопругата и 13-годишниот син: во бегство е
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/policija-bih.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.
„Повеќе детали ќе се знаат подоцна“, изјави Арнаутовиќ.
Регион
Црногорците ги бојкотираа продавниците, го намалија нивниот промет за 30 отсто
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-072052.jpg)
Поради бојкотот на продавниците во саботата на 8 февруари, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора забележаа пад на прометот од 30,23 отсто во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на Даночната управа, јавува Анадолија.
Како што јави црногорската агенција МИНА, продавниците на 8 февруари оствариле промет од 2,96 милиони евра, додека на 1 февруари, кога немало бојкот, прометот изнесувал 4,24 милиони евра.
Податоците на Даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот регион на земјата и тоа за 35,86 отсто.
Во северниот регион е забележан пад на прометот за 30,62 отсто, додека во јужниот регион има 21,5 отсто помалку пари во касите на супермаркетите.
За 18,15 отсто помал е бројот на издадени фактури.