Регион
Фејсбук ја блокираше страницата „Срби за Трамп“
Организацијата „Срби за Трамп“ објави дека Фејсбук ја блокирал нивната страница на 30 дена.
Како што беше објавено од таа организација, „Фејсбук“ ги информирал за ограничувања поради континуирано кршење на стандардите на заедницата.
Posted by SERBS for TRUMP 2020 on Четврток, 07 јануари 2021
Оваа организација активно учествуваше во поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори на 3 ноември минатата година.
Блокадата на страницата следи по конфликтот меѓу Трамп и социјалните мрежи.
„Твитер“ прво привремено, а потоа трајно, го суспендираше профилот на Трамп на таа социјална мрежа.
И „Фејсбук“ и „Инстаграм“ истовремено ги блокираа сметките на Трамп затоа што, како што наведоа, тој поттикнувал немири за време на протестите во Вашингтон.
Специјалниот пратеник на Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина, кој е во заминување, Ричард Гренел на „Твитер“ се огласи токму поради тоа што оваа социјална мрежа го блокираше актуелниот претседател, но и поради најавата за можност за отповикување на Трамп во Конгресот.
Hey @JoeBiden and @KamalaHarris, Good Luck telling other countries they can’t silence, censor or shut down their political opponents.
This is a crisis for the American brand and you are celebrating the (temporary) power that comes with it.
— Richard Grenell (@RichardGrenell) January 9, 2021
Гренел упати остри критики до Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис.
„Еј, Џо Бајден и Камала Харис, со среќа кога на други земји ќе им кажувате дека не можат да ги замолчат, цензурираат или затворат своите политички противници. Оваа е криза за американскиот бренд, а вие ја славите (привремената) моќ што доаѓа со неа“, напиша Гренел на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.