Контакт

Регион

(Фото) Објавен и деталниот план на детето-убиец од Србија

Објавено пред

Коста К.(14) утрово во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет лица, меѓу кои осум ученици и чуварот на таа образовна институција. Коста К. долго време го планирал делото, а повеќе од еден месец работел како да го спроведе својот план во станот.

dobivaj vesti na viber

Полициските службеници објавија список на лица кои ученикот Коста К. планирал да ги убие. Во својата соба имал и хартии на кои се гледа дека изработува план како да ги реализира своите намери.

На еден лист се гледа дека нацртал како изгледа училиштето „Владислав Рибникар“ и по катови поделил кое одделение каде има часови.

На лист хартија напишал и кои се неговите „приоритетни цели“.

Како што соопшти претходно денеска началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, се уште не е утврден мотивот за грозоморното злосторство кое ја потресе јавноста.

„Училницата по историја беше во близина на влезот на училиштето, а неговиот клас го имаше првиот час по историја. По пристигнувањето во училиштето веднаш пукал во обезбедувањето Д.В., по што се свртел кон децата и пукал“, изјави Милиќ.

Зборувајќи за списокот со имињата на студентите кои планирал да ги ликвидира, Милиќ го истакна следново:

„Скицата изгледа налик нешто на видео игра или хорор филм што покажува дека тој детално планира како да влезе во училиштето и колкав број убиства од VII-2, VII-3, VIII-4. Изразувам сочувство од МУП и од мое лично име“, заклучи тој.

Инаку Коста К. утрово околу 8 часот упаднал во училиштето во Врачар и со истрели од огнено оружје уби девет лица.

Регион

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Објавено пред

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.

dobivaj vesti na viber

Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.

Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.

Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.

Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.

Изземање од санкциите побарала Унгарија, но Трамп одбил.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција затвора 204 пошти

Објавено пред

Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.

dobivaj vesti na viber

Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.

Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.

Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад

Објавено пред

Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.

dobivaj vesti na viber

На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.

„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.

Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.

„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.

Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Македонија31 минута

(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК

За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите...

Топ1 час

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет2 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија3 часа

До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај

Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти. Според информациите на Државната изборна комисија, највисока...

Македонија4 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет6 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет6 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Македонија7 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт20 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион20 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија1 ден

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ1 ден

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава1 ден

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија1 ден

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија1 ден

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија1 ден

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет1 ден

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...