Регион
(Фото) Пожарникар на Родос спаси две зајчиња и мачка од пожарите

Пожарникарите во Грција со денови се борат со катастрофалните пожари кои избувнаа во екот на туристичката сезона во земјата. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, многу туристи беа принудени нагло да ги прекинат годишните одмори и да побегнат од огнената стихија, која најмногу погоди дел од островите.
Но, дури и во најтешките моменти, можно е да се најдат херои кои се подготвени да им помогнат на најмалку заштитените, во случајот – животните. Имено, на островот Родос деновиве е снимен пожарникар како спасува два зајаци и маче од пожар меѓу селата Киотари и Генади. Тој ги зел преплашените животни во раце и ги однел на безбедно, пишува „Индекс“.
За жал, многу други немале таква среќа. Од Грција стигаат вознемирувачки и потресни сцени. Во градот Волос во централна Грција, околу 326 километри северно од Атина и 215 километри јужно од Солун, овците морале да бидат поставени на фудбалски терен бидејќи пожарот ги уништил локалните фарми.
Истовремено, во Велестин во префектурата Магнезија се снимени крави со изгореници додека околу нив беснее пламен. Не беше подобро ниту на островот Крф. Малкумина можеа да останат рамнодушни на глетката на школка од желка која лежеше на јагленисано тло кај селото Луцес. А вистинската големина на штетата и катастрофата допрва треба ќе се знае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.