Регион
(Фото) Саудиски агент се шетал низ Истанбул во облеката на Кашоги

Еден од 15-те осомничени агенти за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашоги шетал низ Истанбул со неговата облека, пишува Си-ен-ен. Сервисот објави и видеоснимка на која е прикажан мажот осомничен за убиството на новинарот како шета во кошула, палто и панталони на улиците во Истанбул, исто како оние што ги носеше новинарот на 2 октомври кога влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, а подоцна и беше убиен.
Американската телевизија успеала да стигне до, како што вели, ексклузивни снимки од камерите за надзор како дел од истрагата на турската влада, а на нив се забележува мажот во облеката на Кашоги како со лажна брада и очила излегува од задната врата на конзулатот, четири часа откако претходно влегол од предната врата.
Неименуван турски официјален претставник лажниот Кашоги го идентификува како Мустафа ал-Мадани за кого наведе дека е член на одредите за смртта, испратен да го убие новинарот во саудискиот конзулат за време на посетата на која тој требаше да подигне документ за планираната свадба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.