Регион
(Фото) Сплитската полиција уапси Србин и Босанец, имале 33,7 килограми марихуана во камионот

Полицијата на Сплит уапси 41-годишен државјанин на Србија и 40-годишен државјанин на Босна и Херцеговин,а кои на автопатот А1 во камион пронашле повеќе од 33,7 килограми марихуана, соопшти денеска Јавното обвинителство во Сплит, Далмација.
Двајцата биле пронајдени во камион со словенечки регистарски таблички при сообраќајна контрола на автопатот во вторникот вечерта при засилената акција за сузбивање прекуграничен криминал.
Полициско куче за откривање дрога реагирало на присуство на дрога во возилото. Двајцата се уапсени и однесени во службени простории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

Силно невреме погоди неколку делови од Хрватска во четврток вечерта. Го погоди и регионот на Загреб, за кој Државниот хидрометеоролошки завод (DHMZ) издаде црвено предупредување поради исклучително опасни временски услови. Ситуацијата беше особено тешка во Бродско-посавската жупанија. Дирекцијата за цивилна заштита утрово објави дека Окружниот центар 112 во Славонски Брод добил бројни пријави од граѓани во текот на ноќта поради последиците од невремето проследено со обилни дождови и бурни ветрови.
-Во Бродско-посавската жупанија, помеѓу 00:15 и 02:45 часот, имало прекини на далноводите и прекини на трафостаниците. 2.944 корисници во некои општини останаа без електрична енергија-, се вели во соопштението. Екипите на Електра Славонски Брод веднаш излегоа на терен и работат на отстранување на дефектите, а целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија се очекува во текот на утрото и попладнето.
Во пошироката област на Вуковар, граѓаните беа сведоци на многу силни ветрови, грмотевици и интензивни врнежи од дожд во текот на ноќта. „Во Вуковар имаше силен ветер, а молњите беа како луди“, опиша еден жител.
Загреб, исто така, ја почувствувал бурата, околу 3:00 часот наутро градот бил погоден од силни ветрови кои донеле обилен дожд. По краткотрајното затишје, непосредно пред 8:00 часот наутро, силен пороен дожд повторно го погоди Загреб, придружен со силни грмотевици и налети на ветер. На западот од земјата, во Истра, во некои делови беше регистриран и град.
Силната бура ја погоди и соседна Италија, каде што беа регистрирани обилни врнежи од дожд, бурен ветер и град. На социјалните мрежи кружат фотографии од големи парчиња град, кои сведочат за силата на бурата.
Регион
Запалил спирала против комарци па ја изгорел куќата во близина на Загреб

Вчера наутро во близина на Загреб избувна пожар во куќа во сопственост на 57-годишен маж, соопшти загрепската полиција.
Истрагата утврди дека пожарот најверојатно избувнал поради пад на запалена спирала од комарци што била закачена на дрвен столб, од каде што пожарот се проширил на мебелот, кој бил целосно изгорен, на ѕидот од скалите и дел од покривот, се вели во полициското соопштение.
Пожарот бил изгаснат од пожарникари, а 43-годишен член на семејството бил полесно повреден и добил медицинска помош во Клиничката болница.
Регион
Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг, пишуваат бугарските медиуми.
„Ја побарав претседателката на Република Северна Македонија бидејќи ставот на Бугарија е дека РСМ треба да биде дел од ЕУ врз основа на сопствените заслуги“, рече Жељазков.
Тој потсети дека Бугарија строго се придржува до декларацијата од мај 2022 година. „Во оваа смисла, заштитата на правата на Бугарите во РСМ е од клучно значење за нас“, нагласи Жељазков.
Тој рече дека имал многу добар разговор со претседателката Силјановска.
„Разговаравме за човекови права, европски вредности. Разговаравме за фактот дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам една аналогија. Целта на нашите пријатели од РСМ не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ, што се базира на критериумите за членство“, рече Жељазков.