Регион
Фризерка во пензија потстрижува бездомници без пари

Ана Станин (63) е фризерка во пензија која доброволно се посветила да им помага на бездомните лица. Таа во моментов е волонтер во Центарот за бездоници во Загреб, Хрватска, каде без парична надокнада ги потстрижува сите оние кои што го побарале тоа од неа.
,,Чувствителна сум за луѓе на кои им треба помош. Ова се добри луѓе. Затоа сакам да помогнам. Ме исполнува кога гледам дека сум усреќила некого. Не ми требаат пари, ви благодарам многу”, вели Ана, која веќе девет години работи волонтерски.
Лицата од центарот за бездомници велат дека е прекрасно што некој се грижи за нив. ,,Кога го видов соопштението дека фризерка ќе дојде кај нас, која бесплатно ќе не потстрижува, моите очи светнаа. Долго не се потстрижував бидејќи немав пари. Сега со нова фризура, на кратко заборавив дека сум бездомник”, вели еден од бездомниците згрижени во Центарот за помош и поддршка на бездомниците и луѓето изложени на ризик во Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.