Регион
Фрлена бомба во Косовска Митровица, најмалку едно лице повредено
Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува „Косев“.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Радио Контакт плус изјави дека експлозивната направа, најверојатно, рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“.
„Едно лице е повредено и е во болницата во Косовска Митровица, не знаеме колкав е степенот на повредите“, изјави Ељшани.
Тој изјави дека полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат уподоцна. Присутни се и патролите на КФОР.
Во експлозијата се оштетени неколку возила.
Според информациите на порталот „Косев“, две лица се повредени на местото на настанот.
Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024
Регион
(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви
Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта, подруми и ниви, јавија денеска словенечките медиуми.
Противпожарните служби евакуирале 30 лица откако одрон го блокирал патот во градот Лепена, јавува агенцијата СТА.
Едно лице е повредено при отстранување на паднато дрво во општина Толмин.
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека пожарникарите цела ноќ ја испумпувале водата од подрумите и ги отстранувале паднатите дрвја од коловозите.
Во западните делови на земјата врнежите се ослабени од четвртокот навечер, а невремето денеска го зафати и источниот дел на Словенија.
Најголемо количество врнежи се регистрирани во Бохињ и Посочје, објави порталот Метеоинфо.
Рекордни врнежи за Словенија се забележани во Вогел кај езерото Бохињ, при што за 24 часа наврнале 378 литри дожд на метар квадратен.
Регион
Вучиќ: Работите во светот не одат во добра насока, Косово е многу комплициран јазол
Работите во светот „не одат во добра насока“, оцени денеска во Њујорк српскиот претседател Александар Вучиќ на крајот од шестдневниот престој во САД по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Единствената суштинска вест овде е Блискиот Исток“, изјави тој за РТС.
„Блискиот исток го јаде американското внимание, не сум сигурен дека тоа е добра вест за Украина. Европа прави се за да ја запре таа војна“, рече Вучиќ и нагласи дека приоритет мора да биде прекинот на конфликтот во Украина.
Тој рече дека имал повеќе разговори на тема политика и економија и оти „за првпат биле остварени важни контакти“ за економски напредок на Србија.
Вучиќ рече дека „ситуацијата во рударството и енергетиката“ во Србија ќе мора да се подобри бидејќи „лошо им оди“, додека „индустриското производство добро расте, производството расте, но потребни се повеќе инвеститори“, рече Вучиќ.
Тој рече и дека „немал лесни разговори“ за Косово и дека не може да зборува за деталите од средбите.
„Тоа е многу комплициран јазол. Мораме да го зачуваме мирот, да ги зачуваме животите, опстанокот и напредокот на нашето население на Косово, зачувувајќи ја правната и политичката државност на Србија и интересите на сите граѓани на Србија“, изјавил Вучиќ.
„Ќе се погрижиме да не направиме ниту една грешка, никој да не може нам ништо да ни забележи и да се зголемува силата на нашата економија и да се зголемува нашата поддршка за нашиот народ на Косово“, заклучил Вучиќ.