Регион
Фронтекс: Ќе биде тешко да се запре мигрантскиот бран

Фронтекс очекува влошување на границата меѓу Грција и Турција поради масовниот прилив на мигранти, се наведува во интерниот извештај на Европската агенција за заштита на границите, во кој увид имал герламски „Велт“.
„Ќе биде тешко да се запре масовниот прилив на луѓе што тргнаа на пат,“ пишува во извештјот на Фронтекс.
Се очекува притисокот на надворешните граници на ЕУ да се интензивира, дури и ако турските власти повторно го запрат движењето на мигрантите.
Извештајот е напишан во текот на викендот кога Турција минатата недела престана да ги спречува бегалците да тргнат по копнен и воден пат кон Грција. Приливот на мигранти се следи и со брзо ширење на информациите на социјалнитре мрежи, пишува „Катимерини“.
Грција во неделата побара дополнителна помош од Фронтекс по што европската агенција испрати зајакнување на грчко-турската граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.