Регион
Хан: ЕУ мора да ги исполни своите ветувања

Интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија е единствениот начин да се задржи мирот во регионот, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.
„Треба да ги унапредуваме економската соработка и владеењето на правото во Западен Балкан, така што земјите од овој регион ќе го достигнат нивото на ЕУ и ќе имаат реални перспективи за пристапување“, рече Хан.
Тој исто така изјави дека не може со сигурност да се утврдат датумите, но дека 2025 година е многу важна за кредибилитетот на европската перспектива на Западен Балкан, што широко е прифатена и во ЕУ.
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во својата изјава, која ја пренесуваат и српските медиуми, посочил дека Македонија ќе им се приклучи на Србија и Црна Гора, кои се веќе на патот за европска интеграција и веќе почнале преговори за пристапување во Европската Унија.
„Земјите од Западен Балкан сè уште се слаби и проширувањето на Европската Унија е единствен начин за мирно стабилизирање на регионот. Но, кога тие ќе се приклучат кон ЕУ, не можам да ви даде точна процена“, додава Хан во интервјуто.
Тој исто така додаде дека по решавањето на спорот за името со Грција, Македонија има добри шанси да продолжи напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.