Регион
Хан: Мир и стабилност на Балканот можат да се постигнат само низ европска перспектива

Правно-обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е неопходен, па дури и клучен за регионот, оцени европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Тој се надева дека постигнувањето на правно-обврзувачка спогодба меѓу Белград и Приштина ќе доведе до тоа петте земји членки на Европската Унија (ЕУ) што не го признаваат Косово да ја разгледаат својата одлука.
,,Заедничката позиција за Балканот во ЕУ е таква или да извезуваме стабилност или да внесуваме нестабилност. Искуството ни покажа дека мирот и стабилноста во Балканот можат да се постигнат само преку европска перспектива”, рече Хан.
Коментирајќи ја позицијата на Шпанија кон Косово, Хан истакна дека Шпанија придонесе за стабилноста на регионот.
,,Имаме стратешки договори со Косово. Мораме да дозволиме Косово и Србија да дојдат до договор, а ако се постигне тоа, ќе видиме кои се следните чекори”, рече Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.