Регион
Харадинај напиша на „Фејсбук“ дека не сакаат „Додик република“ во Косово

Рамуш Харадинај, премиерот во оставка на привремените приштински институции, се јави на „Фејсбук“ за првпат откако поднесе оставка на функцијата што ја вршеше.
Тој им се заблагодари на сите за поддршката што му ја даваа во изминатите неколку дена и рече дека „не се чувствува осамен”, а потоа го спомна прашањето за признавање на независноста.
Faleminderit të gjithëve. Jeni shumë që më përkrahët këto ditë. Nuk jam ndier vetëm asnjëherë! Tregun për njohje, e jo ndarjen e Kosovës e as Dodik Republikë në Kosovë! RH
Posted by Ramush Haradinaj on Понеделник, 22 јули 2019
„Бараме признавање, а не поделба на Косово, а не ‘Додик република’ во Косово“, напиша тој на „Фејсбук“.
Рамуш Харадинај во петокот поднесе неотповиклива оставка на фукцијата премиер на привремените приштински институции бидејќи, како што рече, добил повик од Специјалниот суд во Хаг како осомничен за воени злосторства.
По седницата на владата во Приштина, тој им се обрати на новинарите објаснувајќи ги причините за неговата оставка, а потоа и со официјалното писмо на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.