Регион
Харадинај: Одлуката за укинување на таксите го загрозува Косово
Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека одлуката на актуелниот премиер, Албин Курти, да укине дел од таксите за стоката од Србија, е погрешна, ирелевантна и го загрозува Косово.
„Курти вчера соопшти дека на 15 март се укинуваат таксите за суровини, а од 1 април ќе се укинат во целост. Со оваа одлука сака да го измами Косово, спакувано со реторички замки и наводни условувања што ги нуди“, рекол Харадинај, пренесува „Косово онлајн“.
Тој смета дека укинувањето на таксите за суровините е глупост, како и тоа дека е потребно две недели да се процени дали Србија ќе биде конструктивна.
„Каков показател ќе бидат две недели кога ја знаеме Србија толку години“, рекол тој.
„Укинувањето на тарифите е само конструкција на Курти претседателот Вучиќ да победи на изборите во Србија“, тврди Харадинај и исткнува дека не постои договор меѓу нив.
Тој најавил дека ќе ги мобилизира граѓаните за да го одврати Курти од, како што рекол, оваа опасна насока кон која се движи земјата.
„Ќе ги повикаме граѓаните на мобилизација“, рекол Харадинај.
Тој рекол дека Курти му испратил итен повик за состанок на кој би разговарале за националните интереси.
„Му испратив порака дека не сум заинтересиран за разговор и дека поканата за состанок по донесена одлука е повеќе од навреда“, рекол Харадинај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

