Регион
Харадинај побарал од Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.
Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии граѓани не може слободно да се движат.
„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.
Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Секогаш е убаво да се сретне искрен пријател на Србија“: Вучиќ на средба со Урсула фон дер Лајен во Давос
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Давос се сретна со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Своите впечатоци од таа кратка средба ги сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
– Секогаш е убаво да се запознаеш со искрена пријателка на Србија, како што е Урсула фон дер Лајен. Кратка размена на мислења за актуелните состојби во светот и регионот, со фокус на забрзување на европскиот пат на Србија – рече Вучиќ.
Регион
„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар, во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот, за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива и дека се надева на најдобро.
Таа била на приземјето во делот што изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми ѝ донесов работи и сè што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“.
На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.
„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жената.
Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.
Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4.30 часот избувна во дом за стари лица во Србија.
Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан.
Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош на Ургентниот центар, а на четворица на ВМА. Другите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот.
Регион
Петти ден се трага по тригодишното девојче кое во реката Сава во Загреб го внесе мајка му
Поминаа пет дена во потрагата по тригодишното девојче, чија мајка во средата го внела во реката кај загрепскиот мост Јанкомир. На теренот имаше повеќе од сто луѓе со 45 возила, 15 чамци, 13 дронови и три кучиња трагачи. Се пребарува површина од 110 километри.
Антонио Станиќ, раководител на жупанискиот центар 112 во Загреб, рече дека реката Сава е малку пониска од последните денови, што ја олеснува нивната потрага.
„Не можам да проценам колку ќе трае потрагата. Областа што ја опфативме е околу 110 километри од мостот Јанкомир до вливот на реката Сава“, изјави синоќа Станиќ за ХРТ.
34-годишната мајка се бранела со молчење и и е изречена мерка притвор од еден месец.
Постои основано сомнение дека 34-годишната обвинета на 15.01.2025 година во попладневните часови во Загреб извршила кривично дело тешко убиство над своето малолетно дете.