Регион
Харадинај свика седница на косовската влада веднаш по враќањето од Хаг

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера вечер се врати од Хаг, за денеска најави редовна седница на владата.
Тој рече дека по оставката која ја даде на 19 јули ја извршил правната обврска пред специјалното обвинителството во Хаг, пред кое се бранел со молчење.
„Само што се вратив од Хаг, а утре продолжуваме да работиме. По мојата оставка, ја извршив правната обврска при специјалното обвинителството во Хаг. Во мојата невиност не може да се сомнева никој. Им се враќам на моите обврски во Косово. Мојата одлука за оставка и моите неодамнешни дејствија се порака дека секоја злоупотреба на Косово нема да нè помести од нашето суверено право. Границите на Косово не смее да ги допре никој. На Косово не може да ѝ се наметне Република Додик“, напиша Харадинај на „Фејсбук“.
Харадинај поднесе неотповиклива оставка поради поканата што ја доби од специјалниот суд во Хаг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.