Регион
Хашим Тачи има куќа вредна 350 илјади евра

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата дека поседува две куќи, автомобил, земја и 11.000 евра на сметката.
Според приштинската „Газета експрес“, Тачи поседува земјоделско земјиште, кое е семејно наследство, чија вредност достигнува 180.000 евра, а кое е во заедничка сопственост, две куќи, од кои едната е наследена од семејството и вредна 80.000 евра, а другата во вредност од 350.000 евра, што тој сè уште не ја отплатил.
Тачи поседува и „ауди Q3“, вреден до 19.000 евра, што го поседува заедно со сопругата.
Тој има повеќе од 11.000 евра на сметките во банка, а како што се наведува, Тачи и неговата сопруга минатата година зеле заем од 10.000 евра, со кој купиле автомобил.
Како што се наведува, Тачи има годишен приход од 60.435 евра, од кои 33.509 евра ги добива како претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани: „Толку несреќи на малиот Балкан за кратко време“

Во Црна Гора денеска е Ден на жалост по невидената трагедија во Македонија, кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а над 100 беа повредени. Знамињата на сите државни институции од утрово се спуштени на половина копје, а граѓаните во неверување по хоророт што се случи.
„Ова е наша братска земја, наша Македонија. Сите овие изгубени животи се огромна тага и огромна трагедија. Толку млади луѓе загинаа. Сето ова многу не погодува, толку многу несреќи на малиот Балкан, за кратко време“, вели за РИНА Ивана Б. од Подгорица.
Парламентот на Црна Гора изрази сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија.
Сочувство изрази и премиерот Милојко Спајиќ кој изјави дека веста за трагичниот настан ја примил со голема тага.
„Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, рече Спајиќ.
Во Србија утре е прогласен ден на жалост по трагедијата во Македонија.
Регион
„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград.
„Девет пациенти се примени на Ургентниот центар, а тројца се на ВМА. Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за пациентите веднаш по приемот. Станува збор за повреди од изгореници кои зафатиле помеѓу два и 28 проценти од површината на телото. Сите пациенти покажуваат симптоми и знаци на оштетување или контакт со токсични гасови произведени за време на пожарот, но некои имаат и изгореници на горните дишни органи и тие се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот“, изјавија од Ургентниот центар во Белград, пренесе Танјуг.
„Засега немам дополнителни информации дали ќе дојдат уште пациенти, но ние сме подготвени за тоа. Тешко е да се зборува за прогнози за изгореници, но тоа ќе стане јасно во наредните денови. Нашите пациенти се млади, на возраст од 18 до 35 години, тие се рехабилитирани и нивниот третман продолжува бидејќи тоа е долготраен процес кој бара недели лекување. Еден пациент е на механичка вентилација и е најтешко повреден“, изјавија за медиумите од Ургентниот центар во Белград.
Регион
Бугарија обезбедува превоз и сместување за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Бугарските дипломати обезбедуваат превоз од Македонија до Бугарија и гарантираат дека оние што ќе пристигнат ќе имаат каде да се сместат.
Амбасадата на Бугарија во Скопје, заедно со Ситуациониот центар на Министерството за надворешни работи, помага во транспортот и сместувањето на роднините и пријателите на повредените од пожарот во Кочани, Македонија, кои се пренесени во бугарските болници, јави БГНЕС.
Бугарската држава прими 14 од повредените, кои беа пренесени со воен авион „Спарта“ и шест амбулантни возила.
Бугарската амбасада во Скопје ги известила најблиските членови на семејството на лицата кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.