Регион
Хоти: Ако бројот на заболени продолжи да расте, ќе го вратиме карантинот

Доколку продолжи трендот на зголемување на бројот на заболени со ковид-19, косовската влада ќе биде принудена да ги врати мерките за целосна изолација, предупреди денеска премиерот Авдулах Хоти.
Тој додава дека тоа ќе има сериозни последици по економијата и семејствата.
„Случаите на ковид-19 се во пораст. Со оваа брзина, Клиниката за инфективни болести наскоро ќе биде блокирана и тогаш нашите лекари ќе се соочат со тешки морални одлуки за тоа на кој треба прво да му се помогне. Ги видовме овие сцени на места кои беа тешко погодени од пандемијата. Не можеме да дозволиме да се случат такви ситуации“, напиша Хоти на Фејсбук.
Тој потсети дека мерките за заштита се многу едноставни: маски, физичко растојание и миење на рацете.
„Само тоа е доволно да се заштитиме себеси, нашите деца, родители, но и соработниците, патниците во автобусите и такси или лицето на масата до нас во ресторан“, напиша Хоти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Загина поранешната „Мис Балкан“, пијана пеш бегала од полицијата и паднала од надвозник

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако падна од надвозник на патот бегајќи од полициски контролен пункт, каде беше констатирано дека е во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет.
Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега.
Ramazan Bayramı tatili için ailesinin yanına Giresun’a gelen Kosova Avrupa Güzeli ve model Güler Erdoğan, üst geçitten düşerek hayatını kaybetti.
Genç kadının ölümü ile ilgili soruşturma başlatıldı. pic.twitter.com/EBtIK8c5gV
— Mynet (@mynet) April 3, 2025
Обидувајќи се да побегне, таа се качила на надвозникот, но паднала на патот и се здобила со тешки повреди. Потоа ја прегазил друг автомобил.
Медицински екипи пристигнале на местото на настанот по пријава од случаен минувач. Од прегледот било утврдено дека таа починала. Според Хуриет, познато е дека Ердоган имал психички проблеми. За овој случај е отворена истрага.
Регион
Младо момче пропадна низ отвор на лифт во Сараево

На Природно-математичкиот факултет во Сараево денеска млад човек паднал низ отворот од лифтот, пренесува Radiosarajevo.ba.
„Денеска во 13 часот и 44 минути пријавена е оваа несреќа. Млад човек се обидел да излезе од лифтот и паднал низ отворот“, изјавиле од противпожарната бригада на Сараево.
Пожарникарите за две до три минути биле на местото на несреќата и го ослободиле, а момчето било при свест.
Откако пожарникарите го извлекле младиот човек, брзата помош дошла да го пренесе во болница.
Не е познато според написите, дали младиот човек е потешко повреден.
Регион
Лирман дојде скришум да се сретне со своите пулени во подрумот: Додик ја прогласи германската министерка за непожелна

Германската министерка за Европа и климатски прашања Ана Лирман требаше да одржи средба во Бања Лука со претставници на Партијата за демократски напредок (ПДП), но средбата беше откажана во последен момент, пишува „Klix.ba“.
Според потпретседателот на ПДП, Игор Црнадак, причина за откажувањето на состанокот е одлуката на Владата на Република Српска да ја прогласи министерката за персона нон грата, поради што таа ја напушта земјата.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се огласи по повод средбата и ја повика полицијата да ја спроведе министерката. „Како и секој непожелен посетител, германската министерка Ана Лирман дојде во Бања Лука скришум да се сретне со своите пулени во подрумот“, рече Додик.
Како што пишува „Клик“, тој додаде дека очекува полицијата на Република Српска наскоро да ја испрати министерката. Додик, кој веќе е санкциониран од Германија и има забрана за влез во земјата, ја критикуваше и Германија, прашувајќи „во што западна некогаш моќната Германија“.