Регион
Хрватска воведува огромни казни за прекршоци против јавниот ред и мир
Хрватската влада во четвртокот усвои предлог-измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, според кои драстично се зголемуваат износите на казните што досега се движеа меѓу 20 и 170 евра, пренесува хрватски „Дневник“.
Со предлогот се предвидуваат казни од 700 до 4.000 евра за најтешките прекршоци, меѓу кои и за истакнување симболи и поздрави чија содржина изразува или поттикнува омраза, како и за ширење лажни вести.
Во четвртокот, хрватската влада, исто така ја прифати Виенската декларација за подобрување на соработката во борбата против антисемитизмот и поттикнување на пријавувањето антисемитски инциденти.
„За одредени прекршоци глобите се зголемуваат за да се приспособат промените и да имаат ефект на одвраќање, но и да се изедначат со казните за слични прекршоци од другите закони“, истакна хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.
Законот по итна постапка ќе биде доставен до хрватскиот Сабор.
Во групата најтешките прекршоци, за кои се предлагаат казни од 700 до 4.000 евра, се делата на нарушување на јавниот ред и мир со истакнување или носење симболи, изведување, репродуцирање песни, композиции и текстови, слики, цртежи, дрско и непристојно однесување во јавноста, со кое се навредуваат граѓаните и се нарушува нивниот мир, како и измислување и ширење лажни вести и, меѓу другото, неовластено пукање со огнено оружје.
Максималната казна со која Хрватска сака да ги дисциплинира граѓаните за да не прават прекршоци против јавниот ред и мир сега може да изнесува речиси четири просечни плати, а според досегашниот закон, максималните казни беа 16,7 % од просечната плата.
Граѓаните што имаат малолетни деца треба да бидат особено загрижени за своите финансии бидејќи ако нивното дете направи прекршок против јавниот ред и мир, а се докаже дека тоа е резултат на лошо воспитување или на негрижа, може да платат казна од 700 до 4.000 евра.
Интересно е и тоа што родителите ќе бидат построго казнети ако не го воспитале детето добро отколку ако го поттикнале да направи прекршок бидејќи се предлага родител или старател што ќе поттикне дете да направи прекршок да се казни со глоба меѓу 300 и 2.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

