Регион
Хрватска ги отвори училиштата, градинките, рестораните, трговските центри

Хрватска денеска влезе во третата фаза на олеснување на епидемиолошките мерки – училиштата ги отвораат своите врати за некои од учениците, а по пауза од речиси два месеци, трговските центри, кафулињата и рестораните утрово почнаа со работа, но со строги препораки, кои детаљно ја регулираат нивната работа.
Кафулињата и рестораните може да бидат отворени од 6 до 23 часот, а растојанието помеѓу масите мора да биде 1,5 метар. Тие ќе може да работат и внатре не само на терасите како што беше првично најавено.
Масите ќе бидат празни додека не пристигнат гостите, а приборот ќе се поставува кога гостите ќе седнат. Се препорачува менијата да бидат истакнати на влезот на објектот или на друго видно место во соодветно пластифицирана форма, односно се препорачува да се отстранат класичните форми на менија.
Не е дозволено задржување на шанковите во кафулињата. Назначен е еден вработен кој служи однапред утврден број маси со цел да се минимизира мешањето на вработените и гостите.
Денеска исто така се отвораат училиштата за учениците од основното училиште и градинките. Министерката за образование, Блаженка Дивјак, рече дека во училиштата ќе има речиси 4.500 ученици, а во градинките може да има три пати повеќе деца отколку во училиштата.
„Очекувавме повеќе деца во клупите, но јас сум непријатно изненаден од кампањата, ова се претвори во натпревар кој округ ќе има помалку ученици во училиштата. Имаме кампања – не праќајте деца на училиште“, изјави утрово Марко Кошичек, главен советник на министерката Дивјак.
Тој објасни дека нема да има проширување на групите во наредните 14 дена, односно дека новите деца нема да може да им се придружат на децата што почнаа денеска со часови.
„По 14 дена, очекуваме Институтот за јавно здравје да развие нова рамка во согласност со новата епидемиолошка состојба. Доколку мерките се порелаксирани, ќе има повеќе деца“, рече Кошичек.
Тој исто така рече дека добиле пријави од родители оти биле повикани од наставниците и директорите на училиштата да ги остават децата дома.
Во Хрватска се потврдени 2.187 случаи на коронавирус, а ново жариште е островот Брач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.