Регион
Хрватска ѝ се заканува на Србија со блокада на патот кон ЕУ поради архивите кои не се вратени
Хрватска повторно ѝ се заканува на Србија дека ќе го запре нејзиниот пат кон Европската Унија, а како причина сега го наведува проблемот со архивскиот материјал што Белград наводно одбива да го врати во Загреб.
Загрепски „Вечерњи лист“ тврди дека Белград одбива да му ги врати архивите што му припаѓаат на Загреб, иако, како што велат, Србија потпишала договор за наследување.
„Вечерњи“ пишува дека по тој повод, Хрватска вчера упатила протестна нота до Србија, во која, како што наведува, предупредува дека проблемот со архивите може да го запре патот на Србија кон ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина
Александар Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина.
Како што пренесува РТС, тој на насобраните им рекол дека е свесен за тежината на моментот во кој се нашле.
На студентите им порача „книги, а не знамиња“ и ги покани да разговараат, како и да кажат кое од барањата не е исполнето за да се исполни.
Регион
Студент: Го блокиравме автобусот што одеше на собирот на Вучиќ, не растераа 60 полицајци
Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, ги повикаа српските граѓани денеска да излезат на генерален штрајк.
Студентот Вељко Вучетиќ изјави дека толпата запрела автобус кој требало да оди на митинг организиран од српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС во Јагодина.
„Не го запревме сообраќајот, туку еден автобус, стоевме таму 45 минути, дојде бригада со 60 полицајци и не растера под изговор дека го блокираат сообраќајот“, изјави студентот за Н1 Србија.
Тој додаде дека остануваат во Автокоманда „додека повторно не бидат растерани“.
„Ние стоиме овде без намера да си заминеме. Можам да им се заблагодарам на сите луѓе, студенти, граѓани, што го почитуваа генералниот штрајк, стојат покрај сите нас и постојано не поддржуваат“, кажа студентот.
Регион
Нови случаи на африканска свинска чума во БиХ
Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство во БиХ извести за појава на африканска свинска чума во Босна и Херцеговина.
Како што се наведува во соопштението на Министерството, БиХ вчера преку системот за известување за болести на Европската комисија пријавила појава на африканска свинска чума кај чуваните свињи во општина Бјелина во Република Српска.
Во текот на 2025 година во БиХ се забележани три избивања на африканска свинска чума кај домашните свињи и два случаи кај дивите свињи, додека во Република Србија има повеќекратни појави на болеста кај домашните и дивите свињи.
Министерството ги повика сите субјекти, односно одгледувачите на свињи, да продолжат да се придржуваат до мерките за биосигурност и континуирано да се стремат првенствено да ги заштитат своите фарми од внесување на вирусот, а со тоа да го спречат неговото потенцијално натамошно ширење на други фарми.