Регион
Хрватската полиција: Напаѓачот е 19-годишник
Од Полициската управа на Загреб повторно соопштија за нападот со нож утрово во основното училиште „Пречко“ во Загреб.
„Денеска, 20 декември, околу 9.50 часот, 19-годишен хрватски државјанин со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор.
На повредените им е укажана лекарска помош. Од добиените повреди едно дете починало“, соопшти полицијата.
Да потсетиме, полицијата претходно извести дека напаѓачот е помлад маж, но тогаш не ја прецизира неговата возраст“, објавија хрватските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Инспекција во болницата од која бил пуштен напаѓачот од загрепското училиште: мајката ги молела лекарите да го лекуваат
Министерството за здравство за „Хина“ потврди дека покренало здравствена инспекција во Психијатриската клиника „Свети Иван“ во Јанкомир, каде наводно се лекувал 19-годишникот кој уби седумгодишно дете и рани уште неколку ученици и професори.
Насилникот и самиот бил повреден при обидот за самоубиство, кој бил спречен од полицијата.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека напаѓачот веќе бил регистриран за ментални нарушувања.
„И пред околу една година имаше обиди за самоубиство, па тоа што денеска се обиде да си го одземе животот покажува дека е тешко да се каже дека лицето било психички избалансирано“, рече министерот, пренесуваат тамошните медиуми.
Одредени медиуми јавија дека разговарале со мајката на напаѓачот, која, како што пишуваат, за својот син рекла дека неколку пати бил во психијатриска болница во Јанкомир каде наводно ги предупредила лекарите дека му треба лекување, а тие како што тврди мајката, го пуштиле да си оди дома.
Регион
Наставничката од Загреб била избодена неколкупати во градниот кош и е оперирана
Напад во основното училиште во загрепската населба Пречко, во кој загина едно дете, а неколку се повредени, како и наставничка, утринава извршил 19-годишник, кој бил уапсен 10 минути подоцна кога полицијата го спречила од самоубиство.
Како што рече министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, наставничката има 50 години и, според нејзините информации, животот не ѝ е во животна опасност.
Докторот од болницата „Свети дух“ во интервју за ХРТ вели дека била примена со тешки физички повреди, односно со голем број убоди во пределот на градниот кош. По укажаната прва помош, била однесена на операција.
Таа беше оперирана по што нејзината состојба се стабилизира и лекарот очекува дека постоперативниот тек ќе биде добар.
„Во моментот таа е стабилизирана, но нејзиниот живот сè уште е во опасност“, додаде тој.
Открил и дека напаѓачот има неколку расеченици на телото, но е стабилен и животот не му е во опасност.
Регион
Мајката на напаѓачот: Тој е нестабилен, беше на лекување, а докторот мртов ладен ни го пушти ние да се грижиме за него
Мајката на напаѓачот oд училиштето во Загреб рекла дека ноќта не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат на својот син.
„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да биде надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози. Докторот ладнокрвно го пушти да се грижиме за него“, изјави за „24 часа“ мајката на осомничениот за трагичниот напад.
Млад човек (19) денеска утрово упадна во училиштето и ги нападна децата и наставничката.
Едно дете почина, а седум, меѓу кои наставничка и шест ученици, се повредени.