Регион
Хрватски острови преку необични огласи нудат работа
По примерот на хрватскиот остров Хвар, кој преку оглас вработи лекарка од Македонија, и другите хрватски острови бараат сезонски работници на кои им се нудат добри плати, забава и бонуси. Тие преку необични и интересни огласи се обидуваат да привлечат што поголем број заинтересирани за сезонска работа на островите во наредните седум месеци.
Наутичкиот центар Комижа на островот Вис бара работници. Тие на „Фејсбук“ објавија повеќе огласи во потрага по работници. Нудат плати кои не се лоши, но и сместување и можност за награди.
Еве некои од нивните реклами за работа:
Продавач на сувенири и билети за Сината пештера на островот Бишево: За многумина оваа понуда ќе звучи примамливо ако се знае дека платата е над 1 000 евра, а обезбедено е и сместување на сончевиот Вис.
,,Хигиеничар или хигиеничарка – сеедно е само да ни се приклучи и да биде наш сезонски работник ова лето, а ние ќе го наградиме со плата до 800 евра и со обезбедено сместување. За највредните има можност и за договор за ,,зимска плата” (статус на постојан сезонец)”, се наведува во еден од огласите.
,,Снаодлив си, комуникативен и сакаш да запознаваш туристи од целиот свет. Ако одговорот е ДА, тогаш идеален си за кандидат за работа како келнер на островот Бишево. Имаш обезбедено сместување, екипата е одлична, бакшишот врвен, а платата достигнува и над 1 000 евра”, се наведува во друг оглас.
Оние што ќе го одработат успешно пробниот рок, ќе останат да работат на островите во наредните 7 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

