Регион
Хрват откри дека неговата тешта изгубила 100.000 евра поради секта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/Sekta.jpeg)
Еден човек од Пула за „Глас Истре“ кажа неверојатна приказна за неговата тешта која, поради секта, изгубила многу семејни пари.
Како што кажува анонимниот човек, неписмената старица со години се задолжувала под влијание на една молитвена заедница, на која ѝ ги донирала сите тие средства и сега никој не може да ја одврати од понатамошно трошење пари на нив. Тој рече дека се работи за група сомнителни луѓе кои тврдат дека зборуваат со Исус, отстрануваат магии, паѓаат во транс и слично.
„Мојата тешта со години се задолжуваше, плаќаше симнување магии, некаквиси вештерки и волшебници. На крајот го продаде семејното земјиште, а на подароци, патувања и автомобили, што им ги донира на членовите на таа молитвена заедница, потроши околу 100.000 евра. Мојата жена и јас живееме во страв. Утре би можело да ѝ текне да им го подари и остатокот од имотот“, вели нејзиниот зет и додава дека она што го прави споменатата молитвена заедница нема никаква врска со верата, туку само со заработката.
Инцидентот бил пријавен во полиција, а соговорникот вели дека оваа госпоѓа не е единствената жртва на оваа молитвена заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Оливер Млакар го прослави својот 89-ти роденден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/t-1.jpg)
Хрватскиот телевизиски водител Оливер Млакар вчера го прослави својот 89 роденден.
Роден е во Птуј во 1935 година. Од 1945 до 1953 година живеел во Осиек, во 1954 година дошол во Загреб, каде студирал француски и италијански јазик. Три години откако се преселил во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб и ја добил работата.
По завршувањето на воениот рок, во 1963 година започнал да работи во Телевизија Загреб, каде две години подоцна станал водител на квизот со Јасмина Никиќ. Тој е најпознат по водењето на Квискотека, најпопуларниот хрватски квиз на сите времиња, од 1984 до 1995 година.
Иако се пензионираше во 2002 година, од 2006 до 2007 година беше водител на камбек сезоната на Квискотека на Нова ТВ. И по пензионирањето, тој беше баран на телевизија и на фестивали.
Регион
Маж загина во автомобил во Атина, моторџија пукал осум пати во него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bvfg.jpg)
Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан додека бил во автомобил од моторџија, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе Катимерини.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот БМВ и пукал во жртвата најмалку осум пати пред да успее да побегне.
Регион
Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bb.jpg)
Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.
Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.
Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.