Регион
Централната изборна комисија: СНСД на Додик освои најмногу гласови за парламентот на БиХ

Според нецелосните прелиминарни податоци на ЦИК на БиХ, најмногу гласови за парламентот на БиХ освоила СНСД на Милорад Додик – 42,44 отсто, а СДС е втора со 18,83 отсто, пренесуваат медиумите во регионот.
ПДП, според написите, е трета со 53.257 гласа или 11,17 отсто.
Овие резултати ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина врз основа на 70,42 отсто обработени избирачки места.
Има 91,30 отсто важечки ливчиња. Во изборната единица на РС обработени се 80,13 отсто од избирачките места, стои во новинарските извештаи.
Во изборната единица на Федерацијата Босна и Херцеговина обработени се 62,06 отсто од избирачките места кога е во прашање државниот парламент, а најмногу, над 140.000 или 24,87 отсто, освои СДА на Бакир Изетбеговиќ.
Следуваат ХДЗ БиХ – Драган Човиќ со 109.743 (19,43 отсто), СДП БиХ – Нермин Никшиќ со 70.145 (12,42 отсто), ДФ – Жељко Комшиќ со 53.609 (9,49 отсто).
НиП освои 42.029 гласа или 7,44, а НЕС – 25.810 или 4,57 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.