Регион
Црна Гора ги продава воените бродови, биле скапи за одржување

Црногорската влада донесе одлука од воената морнарица на црногорската армија да се повлечат двата патролни брода П-33 и П-34 и да се понудат на продажба, а парите од продажбата да се насочат кон купување ново оружје и опрема.
Оваа одлука е образложена со тврдењето дека бродовите се „преголеми, прескапи и премногу комплицирани за употреба во морнарицата на Црна Гора”, која нема ни кадар кој може да работи на нив, објавија подгорички „Вијести“.
Бродовите се направени на крајот од осумдесеттите години и ја покажуваа големата моќ на поморската флота на поранешната југословенска морнарица.
Досега неколку земји покажаа интерес за купување на овие два брода кои технички се во добра состојба и кои по модернизацијата на оружје и електроника може да се приклучат во составот на нивните морнарици, а меѓу заинтересираните страни се Пакистан, Турција, Бангладеш и Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.