Регион
Црногорски епидемиолог: Короната ни се шири како во Бергамо на почетокот на епидемијата
Интензитетот на трансмисија на коронавирусот во Црна Гора е дури и поголем отколку што беше во италијанскиот град Бергамо на почетокот на пандемијата, тврдат епидемиолозите од Црна Гора.
Епидемиологот од црногорскиот Институт за јавно здравје, Драган Лаушевиќ, за РТЦГ изјави дека разликата помеѓу моментната состојба во Црна Гора и ситуацијата во Бергамо на почетокот на пандемијата е во тоа што во Италија било погодено постарото население, а новите случаи во Црна Гора се претежно помлади од 40 години.
„Во текот на изминатата недела процентот на позитивни достигна до 40 проценти од тестираните, што укажува на тоа дека интензитетот на пренесување е исклучително висок“, вели Лаушевиќ.
Лаушевиќ смета дека Црна Гора досега добро ја бранела постарата популација од вирусот, но потсети дека пред неколку дена Ковид-19 се појавил во дом за стари лица во Рисан, каде што биле заразени 10 лица што престојуваат во домот, како и седум вработени.
Здравствените власти на Црна Гора во понеделникот потврдија 197 нови инфекции со коронавирус и пет смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што боројот на инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми над 10.000 или 1,5 процент од црногорското население. Од март до сега во земјата се регистрирани и 169 починати како последица на Ковид-19.
Денеска, откако почетокот на новата учебна година беше одложен за 1 октомври, црногорските училишта и градинки ги отворија вратите за учениците. Епидемиолозите тврдат дека училиштата ќе бидат побезбедни места отколку игралиштата, каде што се собираат децата, и строго ќе се контролира усогласеноста со епидемиолошките мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

