Регион
Четиригодишно девојче починало откако со часови било затворено во автомобил во БиХ
Четиригодишно девојче е пронајдено мртво во автомобил во двор на семејна куќа во БиХ.
Според медиумите, причината за смртта била жешкото време, односно екстремното прегревање. Се уште не е јасно како толку време девојчето било оставено во автомобилот од нејзиното семејство.
Јавното обвинителство на Окружниот Бања Лука соопшти дека телото на детето, родено во Германија, било пронајдено вчера околу 16.30 часот.
Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител нареди да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.
Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Јавното обвинителство во областа Бања Лука, Синиша Марковиќ, со полицајците на полициската управа во Бања Лука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Авантуристи од БиХ киднапирани во Мали ослободени по два месеци
Двајца државјани на Босна и Херцеговина кои исчезнаа во африканската земја Мали пред речиси два месеци се живи и здрави и наскоро треба да се вратат кај своите семејства, објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина.
Марио Кокоруш и Марин Петровиќ, двајца авантуристи кои патувале во бројни други земји пред Мали, според достапните информации, исчезнале на почетокот на септември и се претпоставувало дека биле или уапсени од владините сили во Мали или киднапирани од една од бунтовничките групи.
Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (OSA) се приклучија во потрагата по нив, но досега нема информации од официјални извори за нивната судбина.
Повеќето медиуми во Босна и Херцеговина денес споделија објава од Фејсбук страница од нивниот познаник Кристијан Иличиќ, исто така авантурист и светски патник, кој тврди дека потрагата вродила со плод, па Кокоруш и Петровиќ наскоро би требало да бидат слободни.
„Тие во моментов се безбедни и на пат кон главниот град на Мали и наскоро ќе се вратат кај своите семејства“, напиша Иличиќ.
Тој објасни дека на барање на сопругата на еден од исчезнатите мажи, се заинтересирал за нивната судбина преку своите врски во Мали и така открил дека биле киднапирани за време на вооружен напад заедно со возачот.
Иличиќ тврди дека џихадистичката група JNIM, огранок на Ал Каеда што работи во Мали, стои зад инцидентот, а не е јасно што се барало во наводното киднапирање и зошто биле ослободени.
Кокоруш, кој има докторат по електротехника, покрај државјанството на БиХ, има и германски пасош, а Петровиќ има и хрватски пасош и е професор на Машинскиот факултет во Сараево.
Регион
Во Црна Гора полицијата приведува и протерува странски државјани, запален бар во турска сопственост
По инцидентот што ја потресе подгоричката населба Забјело во саботата, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведува низа проверки, а двајца мажи од Азербејџан и од Турција се уапсени под сомнение за учество во насилството. Во меѓувреме, нападнат е и бар во турска сопственост.
Како што соопшти Полициската управа, уапсени се азербејџанскиот државјанин Ј. Г. (31) и турскиот државјанин Н. Д. (54), осомничени за кривично дело насилно однесување. Според полицијата, тие го нападнале и повредиле жителот на Подгорица М. Ј. пред две ноќи во населбата Забјело.
За време на истрагата, приведени се 45 лица, претежно странски државјани од Турција и од Азербејџан. Сите тие биле предмет на кривична обработка и проверки поврзани со легалноста на нивниот престој во Црна Гора. Полицијата открила неколку неправилности – издадени се седум прекршочни потерници за кршење на Законот за странците, осум лица се протерани од земјата, а на двајца им е наредено да останат и редовно да се јавуваат во полиција додека не се заврши постапката.
Полицијата апелира до граѓаните да останат достоинствени и смирени и да не подлегнуваат на емоции или повици за линч.
„Во секоја заедница има поединци што со своето однесување го нарушуваат јавниот ред и мир, но задача на властите е да ги идентификуваат и гонат ваквите појави во согласност со законот. Полицијата решително продолжува да спроведува мерки за зачувување на довербата на граѓаните, меѓуетничката и меѓуверската хармонија, како и безбедноста на сите во Црна Гора“, се вели во соопштението.
Полицијата исто така најави дополнителни проверки на странци во соработка со Министерството за внатрешни работи, Даночната управа и други надлежни органи со цел да се утврдат сите неправилности поврзани со престојот и деловните активности на странските државјани на територијата на Црна Гора.
Во саботата вечерта тројца турски државјани се забарикадираа во казино во Забјело по што полицијата ги изнесе и приведе двајца од нив. Потрагата по тројцата напаѓачи, кои, според неофицијални информации, се исто така турски државјани, е во тек. Тие се осомничени дека со нож тешко повредиле жител на Подгорица.
Во меѓувреме, ситуацијата дополнително ескалира. Продавница во сопственост на турски државјанин е уништена на булеварот Иван Црноевиќ во Подгорица. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат скршени излози, запален објект и целосно уништена кујна.
View this post on Instagram
Видеото објавено на фејсбук-страницата „Очи Подгорице“ предизвика бурни реакции од јавноста, а властите истражуваат дали станува збор за чин на одмазда поврзан со инцидентот во Забјело.
Полициската управа објави дека ќе го зголеми надзорот врз престојот на странските државјани и ќе примени бескомпромисни мерки против оние што ги кршат законите на Црна Гора.
„Кога ќе се утврдат неправилности, веднаш ќе се поведат постапки за откажување на престојот и депортација со цел да се зачува безбедноста на граѓаните и да се заштити правниот поредок на државата“, соопшти полицијата.
Државните власти велат дека заедничкото дејствување – од страна на полицијата, Министерството за внатрешни работи, Даночната управа и други институции – ќе ги санкционира сите форми на кршење на законот, но исто така ќе спречи обиди за поттикнување меѓуетнички тензии.
Црна Гора, се вели во соопштението, „останува отворена и безбедна земја за сите што ги почитуваат нејзините закони и институции“.
Регион
(Видео) Возачот што усмрти тричлено семејство во Белград бил пијан и под дејство на дрога
24-годишниот Н. Ѓ. од БиХ, вчера, еден час по полноќ, со голема брзина удрил во друго возило со своето „ауди“ во Нов Белград, при што на самото место загинало тричлено семејство, кое се наоѓало во автомобилот „хјундаи“. Нивото на алкохол во крвта на возачот било измерено на 1,17 промил, а бил позитивен и на канабис. Тој денес ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, пренесува српски „Телеграф“.
View this post on Instagram
Во стравотната сообраќајна несреќа животот го изгубија сообраќајниот полицаец Б. Ж. (43), неговата сопруга Д. К. (38) и нивниот деветгодишен син М. Ж. Совозачот од „аудито“, Ј. П. од БиХ, кој исто така бил под дејство на алкохол, со ниво во крвта од 1 промил, е во тешка состојба на Ургентниот центар. Лекарите му дијагностицирале тешки повреди опасни за животот.
View this post on Instagram
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги потврди деталите за несреќата што се случила околу 00.50 часот на улицата Омладинска бригада.
View this post on Instagram
„Возачот на ‘аудито’, Н. Ѓ. (24), државјанин на БиХ, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол во крвта од 1,17 промил“, рече Дачиќ.
View this post on Instagram
Тој потврди дека настрадало семејството во „хјундаито“, а дека возачот ќе биде приведен до 48 часа.
фото: принтскрин

