Регион
Четири лица загинаа во поплави во Романија
Најмалку четири лица, од кои две деца, загинаа во поплави во источна Романија, соопштија денеска романските власти.
Инспекторатот за вонредни состојби истакна дека се работи за две постари жени и нивните внуци кои во моментот на надоаѓањето на водата се наоѓале во запрежно возило.
Спасувачите ја пребарале реката и ги извлекле телата на две 58-годишни жени, четиригодишно момче и седумгодишно девојче. Обидите за нивна реанимација завршиле безуспешно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претставниците на опозицијата кои вчера направија бунт во Народното собрание сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитетот на Србија со цел подобрување на стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и таа ќе се потруди целата да ја сноси опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
„Разбирам дека бегаат да зборуваат за буџетот. Србија во првите девет месеци од оваа година е најбрзо растечка европска економија. Првиот пат кога зборуваме за буџетот имаме инвестициски рејтинг, во нивно време БДП беше 33 милијарди евра, а на крајот на годината ќе имаме повеќе од 80 милијарди, додека целта е до 2027 година, благодарение на паметната политика што ја води Александар Вучиќ, да имаме повеќе од 100 милијарди евра“, рече Брнабиќ.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.