Регион
Човек се јавил во српска контактна емисија и се заканил дека ќе ги убие жената и ќерката

Човек од Србија пред неколку дена се јавил во живо во контактна емисија и се заканил дека ќе ги убие сопругата и ќерката. Станува збор за емисијата „После ручек“ на телевизјата „Хепи“.
Човекот бил уапсен во текот на вчерашниот ден, пишува српски „Телеграф“.
Тој се вклучил во програмата во живо, се претставил како Милорад и изјавил дека сериозно размислува да ги убие сопругата и ќерката.
„Мислам да го направам тоа сериозно, одам во полиција и велам: „Е, сега е насилство“, рекол тој.
Водителката веднаш го прашала дали е свесен што кажал.
„Никогаш во животот не сум удрил. Тие повикаа полиција за семејно насилство и ме избркаа од мојот стан. Сега сум во старски дом, молев да ме примат“, рекол човекот.
Потоа водителката го замолила да се претстави со име и презиме, а тој го направил тоа.
„Сакам да го направам тоа од срце, сериозно размислувам да го направам тоа. Но, ако ја убијам жената, ќерка ми едвај ќе чека да го продаде станот, па повеќе би сакал да ги убијам двете“, додал тој.
Еден од гостите во студиото на гледачот му рекол дека е за хоспитализација и дека му е потребна помош.
Човекот додал дека е свесен за неговите зборови и дека тоа ќе го направи поради неправда.
По ваквите закани, полицијата го лоцирала гледачот и тој е уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.