Регион
Шестмилијардитиот жител е роден во БиХ, неговото раѓање го објави Кофи Анан
Аднан Мевиќ е роден на 12 октомври 1999 година во сараевската болница „Кошево“. И тоа воопшто не би било новост доколку овој млад човек во тој момент не беше шестмилијардитиот жител на планетата, чие раѓање го најави тогашниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан.
На 12 октомври 1999 година Кофи Анан го пречека шестмилијардитиот жител во светот, во породилиштето во Сараево. Тоа беше симболичен гест бидејќи Обединетите нации врз основа на експертски проекции го одредија тој ден како датум кога населението ќе го достигне својот врв.
Сите породилишта во светот беа поканети да ги одбележат бебињата родени на тој ден како шестмилијардито население.
Аднан Мевиќ за „Н1“ изјави дека порано го прославувал роденденот во поширокото општество поради титулата што ја носи, но сега е поинтимно.
„Формално, тоа траеше до 18 години, а кога го поминав тој праг, се слави меѓу моите пријатели“, рече Мевиќ.
Тој се присети каде патувал благодарение на тоа што бил шестмилијардитиот жител. Беше почесен гостин на „Реал Мадрид“, како и гостување во Интерпол. Тој забележува дека при посетата на „Реал Мадрид“ се запознал со целиот тогашен тим на клубот.
Кога станува збор за државната помош, Мевиќ изјави дека потпишал договор за финансирање на образованието.
„Тогаш моите родители потпишаа договор со покојниот Алија Изетбеговиќ за помош од 200 км месечно до крајот на школувањето. Сега, додека ми трае школувањето, ќе го добивам, немам ништо друго“, вели Мевиќ, кој сега е петта година на Економскиот факултет во Сараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.