Регион
Шефот на Социјалдемократската партија во Романија смени шест министри

Романската владејачка Социјалдемократска партија смени шест министри. Лидерот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, сака да го зајакне управувањето со владата откако беше критикуван поради својот стил на владеење и поради корупција, пренесе АП.
За време на состанокот, партијата гласала за смена на министрите за сообраќај, економија, труд, култура, развој, спорт и комуникации.
Сојузничката на Драгнеа, Олгута Василеску, која била министерка за труд, сега е министерка за сообраќај, а другите сменети министри останале без функција. Министерот за одбрана, Михаи Фифор, претходно денеска поднесе оставка.
Покрај неа, оставка поднела и градоначалничката на Букурешт, Габриела Фиреа, која го обвини Драгнеа дека ја сака партијата на произволен начин.
Виорика Данчила стана премиерка во јануари, но со мали извршни овластувања, додека всушност владата ја води Драгнеа, кој не може официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.