Регион
Шефот на станицата ја презема одговорноста за железничката несреќа во Грција
Приведен е шефот на станицата на Лариса, Василис Самарас, а против него е поднесена кривична пријава за нарушување на безбедноста на превозот, убиство од небрежност и телесни повреди од небрежност.
Според неговиот адвокат, тој уште од првиот момент ја презел одговорноста за несреќата.
По кривичен прогон против шефот на станицата, се очекува предметот да биде изнесен пред Апелацискиот суд во Лариса.
Иако првично тврдеше дека несреќата се случила поради системска грешка, на крајот сепак признал дека патничкиот воз го пуштил да вози на погрешни шини, пренесуваат грчките медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места
Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.
View this post on Instagram
На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.
Регион
Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ
Во случајот со Данка Илиќ се појавија тројца сведоци, кои ќе бидат сослушани на 5 јули, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против Дејан Д. и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка, јавува „Данас.рс“.
Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, а другите двајца се жители од Брестовачка Бања.
Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Регион
Се преврте рингишпил во БиХ: има повредени деца, родителите со голи раце ги извлекувале под вртелешката
Во парк во Добој синоќа околу 20 часот пукнала вртелешка, а во таа пригода биле повредени деца, пишува „Независне“. „Зум ТВ Добој“ јавува дека четири деца се повредени и дека родителите ги однеле на раце во блискиот Здравствен дом.
Екипите на итната помош пристигнале на терен за неколку минути по инцидентот со рингишпилот, но родителите веќе ги однеле децата. „Нова.рс“ јавува дека од итната помош во Добој велат дека ниту едно дете не е во животна опасност.
Покрај родителите, повредените деца од под рингишпилот ги извлекувале и полициските службеници. Тие, според написите, со раце ја кренале конструкцијата на рингишпилот извлекувајќи ги децата.
Тамошните медиуми јавуваат дека сцените биле потресни додека децата плачелел и ги повикувале своите родители.
Полицијата во Добој соопшти дека го уапсила Б. Ј., а се работи за лицето што управувало со вртелешката што се преврте во паркот кога беа повредени неколку малолетници.
Од СВ Добој соопштено е дека синоќа е лишено од слобода лицето Б. Ј. поради сомнение дека сторило кривично дело предизвикување јавна опасност.
Б. Ј. ќе биде предаден денеска во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој заедно со пријава за сторено кривично дело.
Истрагата, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Добој, ќе продолжи денеска во присуство на вештаци.
Полицијата соопшти дека две малолетни лица се задржани на лекување во болницата „Свети апостол Лука“ во Добој, а едно малолетно лице добило полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.