Регион
Ѓукановиќ и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна Гора. „Се колнам со мојата чест на Уставот на Црна Гора дека должноста претседател на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани на нашата татковина. Како претседател на државата ќе се посветам на чувањето на независноста и суверенитетот на Црна Гора и нејзината афирмација како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото“, истакна Ѓукановиќ во заклетвата.
Црногорската опозиција ја бојкотираше инаугурацијата на Ѓукановиќ, кој на функцијата го замени партискиот колега Филип Вујановиќ. Освен пратениците во црногорскиот pарламент, на свечената седница присуствуваа и највисоки поранешни и сегашни државни функционери и челници на државни институции. На седницата беа поканети и членови на Владата, верски лидери, ректори на универзитети, членови на дипломатскиот кор, нерезидентни амбасадори, воени аташеа и претставници на меѓународни организации.
Ѓукановиќ (56) освои скоро 54 отсто од гласовите на претседателските избори на 15 март, избегнувајќи втор круг. Ѓукановиќ стана најмладиот премиер на Европа во 1991 година на возраст од 29 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.