Регион
Ѓукановиќ: Отворен Балкан не почива на европски вредности

Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, денеска во Братислава на безбедносниот форум „Глобсек“ изјави дека во Црна Гора има поделени мислења за регионалната иницијатива Отворен Балкан, додавајќи дека е добро што нема разлика меѓу владата, претседателот и парламентот за стратешката цел, односно, како што рече, сите сакаат Црна Гора да влезе во ЕУ што е можно поскоро.
Ѓукановиќ тврди дека Отворени Балкан не се заснова на европски вредности.
„Го слушнав српскиот претседател Александар Вучиќ дека имаат одлична соработка со Албанија и Северна Македонија, но дека има проблем кога станува збор за границата со Хрватска или ЕУ. Тоа е проблем, бидејќи Отворен Балкан не се заснова на европски вредности, туку на регионална соработка“, посочи Ѓукановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).
Регион
Санторини стравува од колапс на туристичката сезона

На еден месец од почетокот на серијата од 20.000 земјотреси, ситуацијата на Санторини не е многу подобра. Не престануваат земјотресите со среден интензитет, не е исклучена опасноста од најголемиот од шест степени според Рихтеровата скала, тимови од сеизмолози и геолози ги следат промените во структурата на островот и морското дно каде „спијат“ вулканите.
Што понатаму, се прашуваат неколкуте што останаа по егзодусот на 12.000 жители кои во паника го напуштија Санторини првите денови. Признаваат замор, исцрпеност од непроспиените ноќи и денови, страв од очекување на најголемиот земјотрес, вознемиреност поради збунетоста на експертите кои и самите се во недоумица за зачестеноста и бројот на земјотреси, феномен со кој никогаш во пракса не се сретнале – а самите талкаат со понудените теории.
Загрижени се и за туристичката сезона која требаше да започне во март, но која е се понеизвесна. Првиот удар е откажувањето на приклучувањето на бродовите за крстарење, кои избраа други пристаништа поради ситуацијата на островот. Досега имало три брода за крстарење, но тешко дека нешто ќе се промени до Велигден, кој е голем празник за Санторини. До јуни, 170 бродови за крстарење беа планирани да се закотват и над 800 во текот на целата сезона, што отсекогаш бил најголемиот извор на приход на островот, бидејќи вклучува најмалку 1,5 милиони гости кои ќе се симнат накратко во текот на сезоната. Дополнително ја влошува состојбата и фактот што поради лизгање на земјиштето е блокиран пристапот кај пристаништето Антинис и што е прекината жичницата која е главното превозно средство од пристаништето до Фира.
Во моментов се повеќе агенции „замрзнуваат“ нови резервации, а во исто време се зголемува бројот на откажувања за периодот околу Велигден. Интересот од тур-операторите е значително намален, особено за резервации од САД, кој е еден од најважните пазари за островот.
На островот има 17.000 хотелски кревети и уште 40.000 во приватно сместување, со работна сила од околу 70.000 луѓе, што сега е под знак прашалник. Само угостителскиот сектор кој опфаќа 712 кафулиња и ресторани има потреба од илјадници работници, а како што стојат работите оваа сезона ќе има недостиг од работна сила. Засега нема луѓе кои изразиле желба да се вратат и да работат во Санторини во текот на летото.