Регион
Ѓуриќ: Сакаа 100 отсто такси, добија 100 отсто реакции

На Србите од Косово им ставија јаже околу вратот, па затоа челниците на четирите српски општини поднесоа оставки од своите функции, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Тој рече дека целосно може да биде задоволен само доколу Приштина ги укине дискриминаторските мерки.
„Тачи и Харадинај сакаат да си играат ‘добар и лош полицаец’, а што би рекол нашиот народ сето тоа е брашно од иста вреќа. Сакаа 100 отсто такси, а добија 100 реакции“, изјави Ѓуриќ за „ТВ Прва“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Србија: се преврте чамец во Дунав, има жртви

Брод со неколку лица се преврте синоќа во Дунав кај Бачка Паланка, во соседна Србија.
Како што јавуваат спрските медиуми, во несреќата има жртви и повредени.
На бродот имало 11 лица, 10 кинески државјани и еден српски државјанин, за кој се верува дека го управувал бродот. Според неофицијални информации, станува збор за обид за нелегално преминување на државната граница.
Досега се пронајдени осум лица – шест кинески државјани беа спасени од хрватски спасувачи, додека спасувачите од Србија пронајдоа еден преживеан и едно тело.
Потрагата по останатите исчезнати лица сè уште е во тек. Повеќе информации ќе бидат познати по официјалното соопштение од надлежните органи.
Регион
(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок член на ќелијата Цетиње на Шкаљарскиот клан беше пронајдено во кај плажата Трстено во близина на Будва во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.
Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди за црногорски Вјести дека за време на истрагата се пронајдени неколку чаури и дека наредила вештачење на запленетите траги. „Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). За време на истрагата се пронајдени одреден број траги и чаури, кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, рече таа.
Извор близок до истрагата за Вјести изјави дека телото го пронашле пожарникари кои биле известени околу 18 часот дека автомобилот излетал од патот. Тој истакна дека мажот бил застрелан преку шофершајбната. Сјеклоќа со години бил во бегство. Според полициските податоци, тој бил важна алка во ќелијата на криминалниот клан Шкаљари во Цетиње.
Специјалното државно обвинителство го обвини за шверц на половина тон кокаин и помагање во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година. Полицијата неколку пати ја претресе неговата куќа во Цетиње, но не го пронајде за време на овие операции.
За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир со години. Крвавиот конфликт започна кон крајот на 2014 година поради исчезнувањето на 200 килограми кокаин од стан во Валенсија, што доведе до поделба на некогаш обединетиот криминален клан на два завојувани табора.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што се случило во кај блиската плажа Трстено. Полициските сили ги контролираат сите приоди, а истрагата е во тек, објавува порталот Dan.co.me.
Според извештаите од теренот, полициска блокада е поставена на мостот Јаз и се протега сè до местото на злосторството, кое е оддалечено околу еден час пешачење. По наредба на вишиот државен обвинител, преминот е забранет за сите освен за службени лица, вклучително и за новинарски екипи. Полициските службеници ја проверуваат идентификацијата на сите возила пронајдени во близина на блокираното подрачје.
Безживотното тело на маж, кој сè уште не е идентификуван, е пронајдено во возило во близина на плажата Трстено. Според неофицијални информации, полицијата интензивно работи на утврдување на идентитетот на жртвата, а истражува и сомневање дека тој е висок член на една од криминалните групи, што ја отвора можноста дека станува збор за продолжение на конфликтот меѓу клановите, пишува Дан.
Иако деталите сè уште не се официјално потврдени, сè укажува на нова мафијашка пресметка, пишува црногорски Вијести.
Според информации од неколку извори блиски до истрагата, полицијата истражува дали ова убиство е продолжение на долгогодишен конфликт меѓу црногорските криминални кланови, објавува Вијести.
„Телото на еден маж е пронајдено во автомобил, а се верува дека бил член на една од криминалните групи. Извор близок до истрагата откри дека жртвата била застрелана низ шофершајбната на автомобилот. Ова е второ убиство поврзано со судирите меѓу клановите што го потресоа Котор во последниот месец и половина“, објавија медиумите.
фото: принтскрин