Регион
Јанша осуден три месеци условно поради навреда на новинарки на Твитер
Лидерот на словенечката опозиција и поранешен премиер Јанез Јанша е осуден на три месеци условна затворска казна, откако на Твитер навреди две новинарки од словенечката телевизија. Затворската казна ќе се активира доколку во период од една година го повтори делото.
Тој ги нарече новинарките медиумски проститутки откако во емисија ,,некоректно” информирале за неговата партија.
Кон почетокот на 2016 година, на Словенечката телевизија беше прикажана емисија во која Словенечката демократска партија на Јанша беше прикажана како партија чии членови се поврзани со крајната екстремистичка десница и која бара ревизија на историјата. Партијата ги отфрли тврдењата, а Јанша реагираше на Твитер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Седумгодишно дете се удави во Грција: уапсени се родителите

Родителите на седумгодишно дете се уапсени од страна на грчката крајбрежна стража под обвинение за изложување на малолетник на опасност, а досието за случајот веќе е испратено до надлежниот обвинител, јавуваат тамошните медиуми.
Седумгодишното дете инаку француски државјанин според последните информации, носело маска за пливање и пловело во водата, без да се движи, а неговите родители првично мислеле дека само си игра но подоцна забележале дека не реагира. Капачи, спасители на EKAB се упатиле кон местото на настанот, но и покрај нивните напори, детето починало. Според написите во тамошните медиуми детето наводно јадело храна два часа пред да влезе во водата, пишува „Неакрити“.
Според официјалното соопштение на Крајбрежната стража „вчера напладне, Пристанишната управа на Ираклион беше информирана дека 7-годишен странец (француски државјанин) е извлечен во несвест од плажата Маде во општина Малевизи.
Во написите се наведува дека 7-годишниот Французин бил на Крит со своите родители на неколкудневен одмор. Вчера, тие отишле како семејство на плажата Маде за да се искапат попладне.
Во еден момент, 7-годишникот ја изгубил свеста додека пливал, а спасувачот го лоцирал и го извлекол од морето. Со извршување на кардиопулмонална реанимација врз него, тој бил вратен во живот и со амбулантно возило на EKAB бил транспортиран во болница.
За инцидентот е наредена обдукција за да се разјаснат причините за неговата смрт.
Регион
Скокнал од карпа висока 17 метри: германски турист повреден додека скокал во морето во Хрватска

Напливот на адреналин речиси довел до трагедија на една од плажите во Хрватска, но поради брзата интервенција на надлежните служби, германски турист, кој бил повреден додека скокал во морето, бил спасен, пренесуваат медиумите во регионот.
Инцидентот се случил во средата доцна попладне, на плажа во Хрватска. За да му се помогне што побрзо на туристот на непристапниот терен, на плажата слетал хеликоптер, пишува „Нови лист“.
Повредениот турист бил префрлен со хеликоптер во болница и, според последните информации, неговиот живот е надвор од опасност.
Вистинската драма на популарната плажа ја виделе капачите.
Пет туристи решија да скокнат во морето од карпа висока 17 метри, која во Брсеч се нарекува Лозаров столб.
Првиот скок, иако многу ризичен, помина без проблем, но за време на вториот скок, еден од нив се повреди и му беше потребна медицинска помош, раскажуваат тие.
Благодарение на извонредната координација на службите за итни случаи, за кратко време пристигнаа и пожарникари од Опатската противпожарна станица, а повредениот турист беше спасен.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови и им се закануваат на села поради интензивниот топлотен бран.
Најмалку 100 квадратни километри се изгорени во лозарски регион северно од градот Лимасол откога пожарот избувна вчера околу пладне.
Неколку пожари беа сè уште активни утрово. Две лица беа пронајдени мртви во изгорено возило зафатено од пламен. Најмалку 10 лица се повредени, од кои две сериозно, соопшти полицијата.
Cyprus – huge fires out of control with strong winds and 45C predicted tomorrow!
Several villages evacuated and many homes under serious threat.
Any help from our neighbours needed urgently. pic.twitter.com/m9f1rjqMt8
— Andreas Adamides (@AndreasAdamides) July 23, 2025
Рано утрово пожарот продолжи да го загрозува Лимасол, раскошен крајбрежен град, чиј развој се прошири на околните планини во последните години. Воздушните противпожарни сили беа повторно распоредени во зори по паузата во текот на ноќта.
Властите велат дека е прерано да се даде точен извештај за штетата или да се шпекулира за причината за пожарот.
„Се справуваме со многу силни ветрови, со налети, кои постојано се менуваат“, изјави портпаролот на противпожарната бригада, Андреас Кетис.
Температурите на островот вчера достигнаа 43 Целзиусови степени, што предизвика жолто временско предупредување. Ново жолто предупредување е во сила денес, при што се очекува температурите да достигнат 44 Целзиусови степени, највисоки оваа година.
this is cyprus now, 10s of kilometers across on fire
we dont even have the appropriate gear to fight this because of the russian sanctions from the eu
this isnt unexpected, every summer we have wild fires but the european union gets to decide our fate pic.twitter.com/PYldsQ1CUM
— lefy ∆ (@lefycodes) July 23, 2025
Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, а се очекува Шпанија денес да испрати два авиона, изјави портпаролот на владата, Константинос Летимбиотис. Јордан исто така вети помош.
Кипар се бори со продолжена суша, што ги остави неговите оскудни водни ресурси критично ниски. Засегнатото подрачје е северно од резервоарот Куриса на Кипар, најголемиот на островот. Вчера беше само на 15,5 % од својот капацитет.
Фото: принтскрин