Регион
„Ќе го погледнев в очи и ќе го прашав зошто му го направи ова на моето девојче“: се огласија родителите по убиството на нивната 11-годишна ќерка во Грција
Родителите на девојчето (11) кое беше убиено во Грција се неутешни поради смртта на нивната ќерка и се во чудење зошто властите не го задржале во затвор нивниот роднина осомничен за убиство, пишуваат медиумите во регионот.
„Зошто не го ставија силувачот зад решетки, посочувајќи дека осомничениот бил осуден за силување на 14-годишно девојче во 2017 година.
Револтирани од смртта на нивната ќерка велат дека прво му била намалена затворската казна, а потоа бил пуштен на слобода.
„Тој човек што ни го уби детето беше во затвор поради силување. Прво му ја намалија казната од 18 на девет години. Зошто не го држат во затвор?“, прашува расплаканата мајка.
Малата Василика исчезнала во неделата вечерта, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило во полиција околу 3 часот по полноќ. Девојчето во понеделникот било пронајдено мртво на нива. Според признанието на осомничениот, кој наводно и е вујко, тој ја избодел девојката со шрафцигер откако таа одбила да има односи со него.
„Ќе го погледнев во очи и ќе го прашав зошто му го направи ова на моето девојче“
„Не доаѓаше често, ќерка ми му ја переше колата“, вели таткото на девојчето.
Осомничениот за убиството на Василика беше уапсен во 2017 година за силување на 14-годишно дете. Според медиумите, се работи за роднина на таткото на Василика.
Во 2020 година, тој беше осуден на Закинтос, но беше ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега, според написите во медиумите, не е познато дали ја испочитувал судската наредба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

