Регион
Словенија: Во парламентот предадено барање за одржување референдум

Со 86 потписи од вкупно 90 пратеници во понеделникот во словенечкиот парламент е предадено барање за одржување референдум за ратификување на арбитражната спогодба меѓу Хрватска и Словенија.
Со 86 потписи од вкупно 90 пратеници во понеделникот во словенечкиот парламент е предадено барање за одржување референдум за ратификување на арбитражната спогодба меѓу Хрватска и Словенија.
Сега парламентот има рок од седум дена за да распише референдум на кој словенечките граѓани ќе се определат дали ја поддржуваат собраниската ратификација, односно арбитражната спогодба која на 4 ноември минатата година ја потпишаа хрватскиот премиер Јадранка Косор и словенечкиот премиер Борут Пахор.
Хрватскиот парламент веќе ја има ратификувано спогодбата.
Референдумот би се одржал на 6 јуни, а на него Словенците би одговарале на референдумското прашањето „Дали сте ЗА да се примени закон за ратификација на арбитражната спогодба меѓу Владата на Република Словенија и Владата на Република Хрватска што парламентот го прифати на 19 април 2010 година?“
Словенечкиот премиер Пахор смета дека арбитражната спогодба е добро решение и тврди дека арбитражата на Словенија ќе и ја потврди нејзината позиција дека има територијален пристап на море, опозицијата смета дека арбитражата е ризична и дека треба откажување од неа и отворање на нови билатерални преговори со Хрватска.
Доколку би се случило граѓаните на референдум да ја поништат ратификацијата, парламентот повеќе не би можел да одлучува по тоа прашање се до следната година./крај/хн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.