Регион
Бериша: Рама се обидува да урне судски одлуки со политика

Премиерот на Албанија Сали Бериша го обвини лидерот на опозиција Еди Рама дека штрајкот со глад на пратениците пред Владата и протестите ги искористил за соборување на судските одлуки со политички активности.
Премиерот на Албанија Сали Бериша го обвини лидерот на опозиција Еди Рама дека штрајкот со глад на пратениците пред Владата и протестите ги искористил за соборување на судските одлуки со политички активности.
Бериша во својот прв коментар од почетокот на штрајкот со глад на 22 пратеници од Социјалистичката партија и околу 200 приврзаници на опозицијата кој веќе 4 ден штрајкуваат, подвлече дека тој целосно се согласува проблемите со опозицијата околу транспарентноста на изборите да се реши во рамките на системот.
Тој истакна дека не се согласува решението да биде против она што го одобрува судскиот систем.
Бериша го повика Рама проблемот да го реши во Собранието, не на улица.
Една од пратеничките, која е дел од штрајкувачите со глад, вчера вечер беше однесена во болницата во Тирана, каде и беше дадена лекарска помош./крај/мн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.