Регион
Караџиќ масакрирал деца во Сараево – тврди сведок во Хаг

Фатима Заимовиќ, сведок на обвинението денеска пред судот во Хаг рече дека Караџиќ ги масакрирал децата во Сараево, а обвинетиот тврдеше дека децата и граѓаните ги убивале муслиманските сили.
Фатима Заимовиќ, сведок на обвинението денеска пред судот во Хаг рече дека Караџиќ ги масакрирал децата во Сараево, а обвинетиот тврдеше дека децата и граѓаните ги убивале муслиманските сили.
Тоа според Заимовиќ, која работела како главна сестра на Одделението за детска хирургија во болницата во Кошево, се луди идеи на Караџиќ, дека луѓето што живееле во градот пукале на сограѓаните.
Заимовиќ пред Трибуналот во Хаг сведочеше дека во периодот 1992 -95 година, стотина деца со тешки рани од гранати биле примени во болницата Кошево.
Во продолжението на судењето на Радован Караџиќ, обвинет за злосторства против човештвото, геноцид и земање меѓународни заложници, ќе се појави сведокот на обвинението Дејвид Харланд./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.