Регион
Рударите против пропагандата на албанската државна телевизија
Рударите од Албанија денеска одржаа протести пред седиштето на албанската државна телевизија, со барање да престане силната пропаганда во интерес на власта.
Рударите од Албанија денеска одржаа протести пред седиштето на албанската државна телевизија, со барање да престане силната пропаганда во интерес на власта.
Рударите стечајци пред зградата на телевизијата го обвинија раководството на АТВ, за некоректна пропаганда која работи во партиски интерес на премиерот Сали Бериша и Демократската партија и покрај тоа што станува збор за јавен државен сервис на граѓаните.
Полицијата го спречи протестот поради блокирање на улиците на овој централен дел на Тирана.
Во меѓувреме протестите и штрајкот со глад на пратениците од опозицијата продолжува, а состојбата аналитичарите ја оценуваат како влошена.
Албанскиот претседател Бамир Топи денеска информираше дека прави напори да седне на заедничка маса со лидерите на власта и опозицијата и да се постигне нов компромис./крај/мн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.
Регион
Се преврте воен камион во БиХ, сообраќајот во прекин
Се превртел камион на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
„Во несреќата учествувало едно тешко моторно возило. Сообраќајот е целосно во прекин, а едно лице е пренесено за укажување лекарска помош“, изјавија од полицијата.
Повредениот е пренесен во Здравствниот дом „Олово“, а засега не се знае степенот на повредите.
Со оглед на тоа што сообраќајот е целосно во прекин, како што јавуваат читателите на „Кликс.ба“, километарски колони возила се формирани на релација Олово – Сараево.
Регион
Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан
Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.
Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.
„Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна“, рече тој.