Регион
Најмалку 500 лица се затруја со загадена вода во Албанија
Во градот Балш бројот на лицата, кои побараа медицинска помош во изминатите три дена поради труењето со вода за пиење ја надмина бројката од 500.
Во градот Балш бројот на лицата, кои побараа медицинска помош во изминатите три дена поради труењето со вода за пиење ја надмина бројката од 500.
Претставници на Министерството за здравство информираа дека труењето е од загадената вода на градскиот водовод, а локалните медиуми јавија дека станува збор за мешање на црни води во дел од градскиот водовод .
Министерството за здравство информираше дека и покрај масовното труење, немало потешки случаи .
Меѓу затруените има и над 200 деца од предучилишна и училишна возраст./крај/мн/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец
Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните медиуми врз децата.
Премиерот Еди Рама, ја потврди забраната, како дел од поширокиот план да се направат училиштата побезбедни, по состанокот со групите родители и наставниците од целата земја.
„За една година, целосно ќе го затвориме за сите. Нема да има TikTok во Албанија“, рече Рама.
Рама ги обвини социјалните медиуми, а особено ТикТок, за поттикнување насилство меѓу младите во и надвор од училиштето.
Одлуката на неговата влада доаѓа откако 14-годишен ученик беше избоден до смрт во ноември од соученик.
Локалните медиуми објавија дека до инцидентот дошло по расправии меѓу двете момчиња на социјалните мрежи. На TikTok се појавија и видеа од млади луѓе кои го поддржуваат убиството.
„Проблемот денес не се нашите деца, проблемот денес сме ние, проблемот денес е нашето општество, проблемот денес е ТикТок и сите други што ги земаат нашите деца како заложници“, рече Рама.
Забраната се очекува да стапи на сила на почетокот на следната година.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за користење на социјалните мрежи за деца.
Во една од најстрогите регулативи во светот насочени кон големата технологија, Австралија во ноември одобри целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години.
Регион
„Видов дете на подот од училницата, се плашев од најлошото“: родителите раскажуваат за моментите на ужас во Загреб
Цела Хрватска е во шок поради трагедијата во Загреб. 19-годишен напаѓач со нож утрово влегол во основно училиште, ги нападнал учениците и наставничката. Едно дете загина, неколку се повредени. Наставничката е оперирана и е стабилна, според написите.
Напаѓачот е повреден и е под полициски надзор, едно дете е пренесено во болница со хеликоптер, а очевидците на овој невиден чин се во неверување, пренесуват медиумите.
Репортерката на „Дневник“, во разговар со две мајки на деца кои одат во тоа училиште, пренесува дел од моментот.
„Родителите се уште се во шок и потресени, нема вистински зборови со кои може да се опише тагата и болката на починатото дете. Тие спонтано почнаа да се собираат на училишното игралиште, палат свеќи, носат играчки и пораки за починатото седумгодишно дете“, вели таа.
Револтираните родители кои беа сведоци на ужасните сцени од утрово истите ги раскажаа во изјава за медиумот.
„Ми се јави другарка, инаку, син ми оди во истиот клас каде што се случи трагедијата. На повик на другарка, чија ќерка оди во истиот клас, јас буквално дојдов овде во пижами. Добив информација дека некој со нож бил во училиштето, најдов 10-15 родители, никој ништо не знаеше, но во рок од пет минути сите родители беа околу училиштето, ги повикуваа своите деца и бараа да ги пуштат надвор“, рече Маја Јелиќ.
„Ја барав ќерката на другарка ми, па се шетав покрај училиштето и училниците, видов дете како лежи на подот од училницата во локва крв, онесвестено и… се плашев од најлошото, што на крајот се случи“, рече таа и напомена дека ќе се плаши да ги прати децата на училиште.
„Апсолутен страв владее и ќе владее уште некое време. Мислам дека сега се плашат и учениците и родителите и наставниците од сите други училишта. Каде сме ние овде што сме сведоци на се“, заклучи една од мајките.
„По тој настан ни се јави наставничката да провери како се децата и како сме ние. Добивме инструкции од класниот претставник во советот на родители за психолошка помош во кризни ситуации“, раскажува друга мајка Мартина Павичиќ Одобашиќ.
„Ме повика наставничката на мојот син кој ги немаше првите три часа. Инаку имам две деца кои одат во ова училиште, второто дете беше на училиште за време на овој настан. За време на евакуацијата наставничката ми се јави и ми рече: „Те молам, остави го синот дома, напаѓачот е во училиште, заклучете се. Не ми се верува дека била толку прибрана и дека знаела дека моето дете не е на училиште и дека треба да остане дома“, вели мајката во изјава за медиумот.
Регион
Вучиќ за Украина: Погледнете што рече Путин, не верувам во брзо примирје, светот оди во многу лоша насока
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостувајќи во емисијата „Ќирилица“ зборуваше за развојот на ситуацијата во Украина.
„По ужасниот украински напад на Ростов со американско и англиско оружје, Путин рече дека тоа е де факто објава на војна, но ова со гасот дополнително ги комплицира работите и за Трамп. Кога Русија вели дека НАТО се подготвува за војна, дава точни информации, кога НАТО вели дека Русија се подготвува за војна, не се сомневам дека е неточно. Не верувам во брзо примирје. И Путин и Русија изгубија многу луѓе за да туку така се согласат да ја замрзнат ситуацијата исто така, Украина изгуби многу луѓе за да се согласи на лесно губење на дел од територијата.
-Се надевав многу, се уште имам трошка надеж поради доаѓањето на Трамп, но таа надеж е се помала. Светот оди во многу лоша насока“, изјави Вучиќ.