Регион
Српскиот динар потворно на историски минимум
Српскиот динар петти ден по ред бележи намалување на вредноста и денеска во однос на еврото се спушти на 102,229, што е нов историски минимум, јавија белградските гласила.
Српскиот динар петти ден по ред бележи намалување на вредноста и денеска во однос на еврото се спушти на 102,229, што е нов историски минимум, јавија белградските гласила.
Според истите извори динарот од почетокот на економската криза досега загубил 25 отсто од вредноста, а економистите сметаат дека причина за падот е што во Србија пресушиле странските инвестиции, а домашната економија не создава нова вредност.
Падот на вредноста на домашната валута најмногу го чувствуваат граѓаните, чии рати за кредити пораснале за четвртина, а платите во најдобар случај им останале исти./крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кокаин вреден 10 милиони евра пронајден во камион на српски возач во Италија
Српскиот државјанин Д. В. (54) беше уапсен во Италија откако полицијата откри 110 килограми кокаин со висока чистота во кабината на неговиот камион. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 10 милиони евра, а возачот, како што објавија локалните медиуми, бил запрен поради неисправно светло на возилото за време на рутинска проверка, пишува Nova.rs.
Италијанската полиција вршела рутинска сообраќајна контрола во областа Лисерт кога забележала камион со неисправно светло. Му сигнализирале да застане, но возачот ја игнорирал наредбата и продолжил да вози. Полицијата успеала да го запре непосредно пред границата со Словенија.
При детален преглед на возилото, полицајците пронашле три големи патни торби во кабината на возачот. Тие содржеле вкупно 100 пакувања кокаин со висока чистота, со тежина од 110 килограми. Според истражителите, вредноста на запленетата дрога е околу 10 милиони евра, додека нејзината улична вредност, по мешањето со други супстанции, би можела да достигне 20 милиони евра.
Според официјалната документација, камионот транспортирал керамички плочки од Шпанија во Србија. Италијанските власти забележуваат дека Шпанија се смета за една од главните влезни точки за кокаин што пристигнува во Европа од Јужна Америка.
Истражителите истакнуваат дека начинот на кој била транспортирана дрогата укажува на директна вмешаност на возачот, со оглед на тоа што кокаинот не бил скриен во товарниот простор, туку бил во кеси во кабината.
Возачот моментално е во притвор во Трст, а според достапните информации, досега не е кривично регистриран.
Случајот го презеде Дирекцијата за борба против мафијата (DDA) во Трст, чија главна цел е да ја разоткрие целата мрежа за дистрибуција на дрога и да ја утврди крајната дестинација на запленетиот кокаин.
фото/депозитфотос
Регион
Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина
Трагедија се случи утрово во населбата Грбавица во Сараево кога дрво падна врз жена. Жената им подлегна на тешките повреди и покрај напорите на лекарите, објавува „Avaz.ba“.
Несреќата се случила во утринските часови кога бор, висок повеќе од 10 метри, паднал врз жената. Таа веднаш била однесена во болница со повреди на главата опасни по живот.
Лекарите не можеле да ѝ го спасат животот и таа починала кратко потоа.
Снегот што паднал во текот на ноќта создал големи проблеми низ цела Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Србин кој загина во пожар во Швајцарија е прогласен за херој: Се вратил во барот за да ги спасува гостите
Четириесет лица ги загубија животите, а повеќе од 100 беа повредени во ужасниот пожар што го зафати барот Le Constellation во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Меѓу жртвите е и Стефан И. (31), обезбедување кој стана херој откако спасил неколку гости од пожарот, но, за жал, не можел да се извлече од него, пишува швајцарскиот портал „Блик“.
Стефан И. работел како обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој мирно почнал да ги турка гостите на безбедно. Како што објавија медиумите, откако извадил неколку луѓе, се вратил во објектот зафатен од пламен за да спасува уште луѓе. Тој несебичен чин го чинел неговиот живот, пренесе „Индекс“.
🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026
Французинката која успеала да избега на време го опишала обезбедувачот како личност која „без двоумење се соочила со опасност за да ги заштити другите“, истакнувајќи ја неговата извонредна храброст и саможртва во средината на тоталниот хаос.
Стефан, Србин по потекло од Ваљево, живеел во Швајцарија 20 години, каде што имал и државјанство. Неговото семејство се надевало до последен момент дека тој преживеал.

